Мерење на крвниот притисок и негово значење

Високиот крвен притисок или хипертензија, е состојба при која вредноста на крвниот притисок е над дозволената односно нормана граница. При мерењето и одредувањето на вредноста на притисокот во предвид со колку многу отпор се соочува крвта при испумпувањето од срцето, и на апаратот за мерење се појавуваат две бројки.

Првата повисока бројка го означува систолниот притисок и го означува притисокот кој се создава при отчукувањето на срцето.  Втората пониска бројка е дијастолниот притисок, кој го означува притисокот во артериите кој се создава измеѓу срцевите отчукувања.

И токму според вредностите на крвниот притисок, постојат пет категории :

Здрав притисок – за нормален притисок се смета кога мерниот апарат ќе покаже 120/80 мм живин столб или помалку.

Покачен притисок – за покачен притисок се смета кога систолниот притисок е измеѓу 120 и 129 mm Hg, а дијастолниот е понизок од 80 mm Hg. Ваквиот притисок вообичаено не се третира со лекови, но се препорачува промена на животниот стил, во насока на усвојување повеќе здрави навики.

Затоа што хипертензијата нема некои специфични и видливи симптоми, мерењето на крвниот притисок всушност претставува главен начин за нејзино дијагностицирање.

Но, многу ретко дијагнозата се поставува само врз база на едно мерење, и често е потребно да се направат неколку последователни контроли во тек на неколку наредни дена или недели пред да се постави крајната дијагноза.

Ова е неопходно затоа што и самата посета на  докторската ординација може да го зголеми притисокот, притисокот може да биде покачен и поради стрес, а освен тоа крвниот притисок има тенденција да се менува во тек на денот.

Доколку последователните мерења сепак покажат повисок притисок,  докторот може да побара и дополнителни ттестови со цел да го елиминира потенцијалното постоење на некои други затскриени состојби и за да провери дали станува збор за примарна или за секундарна хипертензија.