Депресијата е многу честа појава кај луѓето кои преживеале повреда на мозокот. Вообичаено првите симптоми се појавуваат во првата година по доживеаната траума, најчесто откако лицето ќе почне подетално да го разбира она што му се случило. Вообичаено е прво да се појави чувство на беспомошност и нарушена самодоверба, како и чувство на загубен идентитет.
Некои од главните препораки кои им се советуваат на овие лица за полесно да се справат со промената што им се случила во животот, се следниве:
- Да разговараат – лицата со преживеана повреда на мозокот се охрабруваат да зборуваат за тоа како се чувствуваат, со своите блиски, семејство, пријатели, колеги. Доколку им е тешко вербално да комуницираат опција е да се потрудат да напишат писмо. Доколку имаат потешкотии во извршувањето на работните задачи во споредба со порано, се советува за тоа да позборуваат со работодавецот.
- Да не се изолираат – иако многу веројатно е дека лицето кое доживеало повреда на мозокот ќе посака да се изолира од сите и затвори во себе, препораките се да не го прави тоа. Социјалната изолираност не се смета за поволна во овој случај и потребно е барем малку време да се обиде да мине во близина и во разговор со некој друг. Алтернативно пожелно би било да се посетува и некоја група за поддршка, каде би се сретнало со други лица со слични проблеми.
- Да се вклучат во креативни активности – вклучувањето во активности кои носат чувство на задоволство, како што е слушање на музика, создавање на уметничко парче, читањето на книга итн, истотака може да има позитивно дејство по преживеаната мозочна повреда.
- Да вежбаат – секојдневното вежбање барем по неколку минути на ден може да помогне против депересијата, но за жал не е возможно за оние лица кои имаат нарушена мобилност или се премногу изнемоштени. Редовната физичка активност докажано го подобрува расположението и токму затоа може да им помогне и на овие лица.
- Да водат здрав начин на живот – здравиот начин на живот со конзумирање на здрава храна, пиење на поголемо количеств на вода, избегнување на алкохол и цигари и имањето на здрав сон, може да помогнне во периодот на адаптација и закрепнување по претрпената траума.
- Да побараат помош – лицата со преживеана мозочна повреда не треба да се воздржуваат од барање на помош доколку увидат дека сами не можат добро да се снајдат во новонастанатата животна ситуација. А, особено е важно да побараат помош доколку им се појават мрачни, депресивни и самоубиствени мисли.