Ризик фактори за развој на циститис

Циститис е медицински термин за воспаление на мочниот меур.  Во најголем број на случаи воспалението е предизвикано од бактериска инфекција.  Но, понекогаш може да се појави и како реaкција кон некои лекови, радијациска терапија, спрееви за интимна хигиена, спермицидни гелови или поради долготрајна употреба на катетар.

Понекогаш циститисот може да е последица и на некое друго заболување.

Без оглед на причинителот, инфекцијата на мочниот меур може да биде многу непријатана и болна, и може да прерасне во сериозен проблем доколку се прошири кон бубрезите.

Најчест пристап во нејзино третирање е препишувањето на антибиотици или третирање на примарната причина за нејзино појавување.

Циститисот ги предизвикува следните симптоми:

  • Силен нагон за мокрење
  • Чувство на жарење при уринирањето
  • Честоиспуштање на мала количина на урина
  • Крв во урината
  • Заматена урина
  • Силен мирис на урината
  • Нелагодност во пелвисот
  • Чувство на притисок во долниот дел од стомакот
  • Ниско покачена телесна температура

Некои луѓе се поподложни кон развој на уринарни инфекции.  И ваквите инфекции се многу почести кај жените.  Една од главните причини е човечката анатомија.  Жените имаат пократка уретра, што го прави многу пократок и патот кои би требало за да го минат бактериити за да дојдат до мочниот меур.

Ризик фактори за развој на циститис се:

  • Поголема сексуална активност – во тек на сексуалниот однос, бактериите може да се поттиснат за да навлезат во уретрата.
  • Употреба на одредени видови на контрацепција – жените кои користат дијафрагми се изложени на поголем ризик од развој на уринарна инфекција, дотоку повеќе доколку дијафрагмата содржи и спермициден агенс.
  • Бременост – хормонските промени кои настануваат за време на бременоста многу го зголемуваат ризикот за развој на уринарна инфекција.
  • Менопауза – хормонските промени кои настануваат после менопаузата истотака го зголемуваат ризикот за развој на циститис кај постменопаузалните жени.