Светлината е форма на електромагнетно зрачење, кое постојано се апсорбира од фоторецепторите кои се сместени во окото. Постојат три основни бранови должини кои доаѓаат во контакт со човечкото око и тоа се ултравиолетовото зрачење, видливиот дел од спектарот и инфрацрвеното зрачење.
Видливиот дел од спектарот е поделен на син, зелен и црвен светлосен спектар.
Кога светлината поминува низ очите, постојат три начина на кои таа може да им предизвика штета:
- Фототермално оштетување – е резултат на зрачењето кога светлосните фотони предизвикуваат посилно зрачење отколку она со кое ткивото на ретината би можело да се справи.
Всушност кога ваквата светлина ќе доспее во окото таа ја зголемува молекуларната енергија во окото и предизвикува позабрзано движење на молекулите и меѓусебно судирање.
Позабрзано движење на молекулите и поголем пораст во температурата во очното ткиво се забележува под дејство на светлината со помала бранова должина. Токму покачувањето на температурата е причина за различните оштетувања на молекуларно и клеточно ниво.
Колку што е поголема брановата должина толку и преносот на енергија е помал. Сината светлина има кратка бранова должина и токму затоа овие зраци се многу моќни и опасноста од нив се споредува со онаа на УВ зраците.
- Фотомеханичко оштетување – е вид на оштетување кое настанува кога во окото е присатно зрачење кое е посилно од она од кое окото би можело да се опорави.
- Фотохемиско оштетување – настанува кога окото краткотрајно или долготрајно е изложено на интезивна светлина.
Сината светлина до нашите очи доаѓа како дел од нормалниот свтетлосен спектар кој потекнува од сонцето, но истотака доаѓа и од вештачкото осветлување како и од мониторите на електронските уреди кои се повеќе се користат.
ЛЕД светилките се едни од најчесто употребуваниот извор на вештачка светлина, но за жал токму тие доведуваат до создавање на реактивни кислородни соединенија (РОС) кои можат да предизвикаат оксидативно оштетување на окото.
Со самиот процес на стреење во очниот апарат се појавуваат некои пореметувања или оштетувања поради кои почнува да страда и видот, но ваквите проблеми се почести и поизразени доколку постоело или постои поинтензивно изложување на сина светлина.
Истражувањата имаат покажано дека за зачувување на видот и за заштита на очите, големо значење има внесот на специфични антиоксиданси како што се лутеинот и зеаксантинот.
Овие состојки се толку моќни што со повеќе студии било докажано дека протективно делуваат и во случај на старечката макуларна дегенерација.
Една од најпознатите спроведени студии била и тн Blue Mountains Eye Study со која се покажало дека луѓето кои со исхраната внесувале повеќе зеаксантин и лутеин имале помала појава на страечка макуларна дегенерација.
Студијата била спроведена во регионот на Сините Планини во Австралија и од таму го добила и своето име, а во неа биле клучени повеќе од две илјади лица на возраст на и над педесет години.
Ваквите и слични резултати дале надеж дека доколку исхраната се збогати со доволна количинана лутеин и зеаксантин, тоа би делувало заштитно врз очите и би довело до подолго зачувување на добар вид дури и кај повозрасната популација.
Студиите покажале и дека оптимална количина за поддршка на очите би бил внес на 10 мг лутеин и 2 мг зеаксантин дневно, што би одговарало на околу 3 чаши свеж спанаќ дневно или употреба на додаток во исхраната со точно измерена количина од овие антиоксиданси.
Освен дополнување на исхраната со квалитетни суплементи, за заштита на очите се препорачуваат и редовни паузи за сите оние кои долго време минуваат пред екран, како на пример на секои 20 минути погледот да се насочи 20 секунди на нешто што се наоѓа барем 6 метри во далечина.
Dr.Viton Ovidox е додаток во исхраната кој содржи екстракт од боровинка, лутеин,, зеаксантин, рибино масло (ЕПА и ДХА), витамин Е, цинк и бакар за поддршка на нормалната функција на очите. Состојките на овој производ придонесуваат за одржување на нормален вид, ја поддржуваат функцијата на ретината и им даваат антиоксидансна заштита на очите.
Dr.Viton Ovidox може да се нарача на следниов линк…