Холестеролот е восочна супстанција која е присатна во крвта и е неопходна за создавањето на жолчката. Тој е потребен за создавањето на некои хормони, и за нормално кардиоваскуларно здравје, но, кога во телото ќе се насобере во поголема количина тогаш холестеролот станува опасен.
Високиот холестерол може да доведе до развој на висок крвен притисок, артеросклерозата, па дури и до откажување на бубрезите.
Затоа важно е доколку се појави, навремено да се открие и да се превземат соодветни мерки за негово намалување.
Најчести симптоми кои укажуваат на висок холестерол се следниве:
1.Отекување и трнење на екстремитетите
Во случај на висок холестерол може да дојде до отекување и трнење на екстремитетите, затоа што насобраните маснотии во крвните садови ја спречуваат добрата циркулација и го намалуваат дотокот на кислород и хранливи материи до мускулите.
2.Вртогавици и мачнина
Со насобирање на холестеролот во крвните садови циркулацијата се влошува и се намалува снабдувањето на клетките со кислород. Ова може да предизвика вртоглавици, проблеми со рамнотежата и доста силни главоболки.
3.Лош здив – халитоза
Холестеролот се создава во црниот дроб, во случај кога е покачен тој може да биде причина за нарушено варење на храната, а тоа доведува до лош здив, освен лош здив можно е да се појави и чувство на сува уста.
4.Подуеност и тешкотии со варење на храната
Високиот холестерол, а пред се лошиот ЛДЛ холестерол, може да предизвикува отежнато варење на храната, особено кога храната содржи повеќе маснотии.
5.Проблеми со очите
Многу често, пациентите со висок ЛДЛ холестерол може да имаат меки рамни жолти петна во очите, или да развијат проблеми со очите во поглед на заматен вид.
6.Констипација
Често пати како последица на високиот холестерол се појавува и забавување во подвижноста на цревата што може да доведе до појава на констипација.
Но, затоа што овие симптоми не се јавуваат само при проблеми со холестеролот, најсигурна метода за откривање на висок холестерол останува да биде лабораториското анализирање на крвта.