Стресот – причинител на многу болести

Стресот е нормална појава, тој е придружна компонента на секојдневниот живот, но доколку излезе надвор од контрола и продолжи да перзистира во животот  тој станува причина за појава на болест.

Секојдневно луѓето се соочуваат со различни поголеми или помали тригери кои во телото го поттикнуваат стресниот одговор.

Стресот може да биде предизвикан од тежината на секојдневните обврски, ситуациите на работното место, метежот во сообраќајот, озборувањата, различните видови на неправди сторени кон нас или кон некој друг, причини за појава на стрес има толку многу штo невозможно e да се набројат, но за среќа постојат и доволен број на методи за полесно справување со стресните ситуации кои можат да помогнат во очувувањето или подобрувањето на здравјето.

Интересно за дејството на стресот врз човековото здравје е тоа што предизвикувач на здравствено нарушување не секогаш е некој голем стресен настан, туку понекогаш до развој на болест може да доведат и редица мали, но во подолг временски период постојани стресни ситуации.

Стресот има кумулативен ефект и со тек на време почнува негативно да се одразува како врз физичкото така и врз менталното здравје.

Прв чекор кон зачувување на здравјето и подобро справување со стресот е свесноста за постоењето на многуте тригери кои во телото започнуваат “fight or flight” одговор.  По нивното детектирање потребно е истите да се отстранат или надминат.

Понекогаш нешто најосновно како што е квалитетниот сон и одмор, може да биде главната причина за големото ниво на стрес во тек на денот, и токму затоа свесноста кон сето она што допринесува за да се почувствуваме напнато е неопходен чекор кон здравото менаџирање на стрес.

Тригер за стрес може да биде и промена во дневната рутина, промена на работното место, усовите на живот итн.

Финансиските грижи и проблеми неминовно го покачуваат нивото на стрес, неисполнувањето на личните и очекувањата од другите истотака се познат тригер, несогласувањата, караниците, и многу други сценарија.

И токму затоа што сите возможни предизвикувачи на стрес не можат да се елиминираат, потребно е да се научат и практикуваат методите кои би не заштитиле од активирањето на стресниот одговор кој ако продолжи има разорно дејство врз телото и психата.

Најчесто употребувани методи за полесно справување со стресот и заподигање на сопствената толеранција кон стресните тригери се  јогата, медитацијата, практиките на длабоко дишење, пишувањето на дневник, спортувањето итн.

Но, најважно е никогаш да не се поттиснуваат или игнорираат причините за стрес туку откако јасно ќе се иднтификуваат треба директно да се тргне кон решавање на проблемот, се со цел за да се остане здрав.