Замастен црн дроб е болест која не се манифестира со многу симптоми, но постојат некои рани знаци кои не смеат да се игнорираат.
Во почетокот на развојот на оваа болест се појавуваат некои не толку специфични знаци како што се:
- Изнемоштеност
- Конфузно размислување
- Блага стомачна нелагодност или отекување
- Симптоми на иритабилно црево
Но, постојат и неколку полесно препознатливи симптоми кои никако не смеат да се игнорираат,како што се:
- прекумерна телесна тежина или гојазност
- високи триглицериди
- висок шеќер во крвта
- предијабетичка состојба
- метаболен синдром
- дијабетес тип 2
Истражувањата имаат покажано дека кај гојазните лица, 70 % од нив имаат замастен црн дроб, но гојазноста не е единствениот фактор кој може да придонесе за развој на оваа болест.
Замастен црн дроб може да се јави и кај лицата со нормална телесна тежина, што го прави неговото дијагностицирање уште потешко.
За ризик фактор за појава на замастен црн дроб на пример се смета нормалната телесна тежина во комбинација со поголема количина на масно ткиво во пределот на стомакот, високи триглицериди и низок добар односно ХДЛ холестерол. Почесто се појавува кај жените и кај луѓето со шеќерна болест или кај оние кои страдаат од метаболен синдром.
За време на менопаузата кај жените ризикот за развој на замастен црн дроб е зголемен. Тоа е така поради заштитната улога која ја има хормонот естроген кон црниот дроб, и дополнително поради тоа што естрогенот делува поволно на инсулинската сензитивност.
Ширењето на струкот и покачувањето на телесната тежина прават да дојде до помала физичка активност, до пад на енергијата и до поголемо насобирање на маснотии во црниот дроб.
Одржувањето на нормална телесна тежина, и правењето напори за да се храниме поздраво, можат да делуваат заштитно во поглед на развивањето на оваа болест.
Дури и најмалото намалување на телесната тежина од 3-5% може да помогне за намалување на нивото на масти во дробот, да го намали воспалението како и оштетувањето на црнодробното ткиво.
Аеробните вежби, како и вежбањето со умерен интензитет поволно се одразува врз здравјето на црниот дроб, дури и во случај кога не резултира со намалување на покачената телесна тежина.
Зголемувањето на мускулната маса и вежбањето му помагаат на телото поефективно да ја користи глукозата.