Стареењето на човечкото тело е очигледно, косата обелува, кожата го губи својот тонус и свежина, почнуваат да се појавуваат и повеќе брчки, но заедно со телото иако не е толку очигледно старее и човечкиот мозок.
Од кога ќе се родиме, па се до последниот здив во мозокот се случуваат различни промени. Овие промени може да бидат субтилни или поизразени, а можат да се случуваат и на микроскопско ниво.
Најчесто забележана промена која е дел од нормалното стареење е намалувањето на когнитивната способност.
Како што човекот старее, потешко му е да мисли, да решава проблеми, да стекнува ново знаење, брзо да процесира информации или да се присеќа на некои зборови, имиња, настани.
Некои студии покажуваат дека промените кои се резултат на стареењето на мозокот, можат да започнат дури и во раните триесети години од животот.
Како пример научниците ги посочуваат ситуациите кога на релативно млади лица потешко им станува да се фокусират на она што им го говорат соговорниците, особено доколку се наоѓаат во место со позадинска врева, или кога им станува тешко да го делат фокусот на две задачи како на пример истовремено да разговараат и возат автомобил.
Ваквите суптилни симптоми кои посочуваат на промени во функцијата на мозокот, често се пратени и со реални структурни промени во мозочното ткиво.
Всушност забележано е дека на возраст измеѓу 30 и 40 години, може да дојде и до намалување на мозокот, а ова намалување станува најизразено околу шеесет годишна старост.
Истовремено промени се случуваат и во неуроните кои истотака може да почнат да се намалуваат, а забележано е и намалување нa мелинската обвивка на аксоните.
Синаптичките врски повеќе или помалку почнуваат да се нарушуваат, а неурогенезата односно процесот на создавање на нови неурони истотака забавува со зголемување на возраста.
Но, за се среќа не е се толку црно, затоа што многу истражувања имаат покажано дека со доволна грижа, соодветна исхрана и практики стареењето на мозокот може да се забави.
За оптимано да функционира колку што може подолго на човечкиот мозок му треба храна која тој може да ја користи, а особено му е потребен холин.
Покажано е дека внесот на доволна количина на холин го заштитува мозокот од когнитивни нарушувања и од деменција кои се поврзани со стареењето, затоа што холинот има способност да ги заштити неуроните, да го зачува волуменот на мозокот и да ги одржи меѓунеуронското испраќање на сигнали.
Dr. Viton – Choline, е додаток во исхраната кој содржи 500 мг холин во секоја капсула што е доволно за целосно задоволување на дневните потреби.
Dr. Viton – Choline може да се нарача на телефонскиот број: (02) 3218-821 (секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот).
или онлајн на: Choline Bitartarate – Алфалаб (alfalab.mk)
Доставата е брза и се врши на посакуваната адреса со брза пошта!
Dr. Viton – Choline можеш да гсе набави и од аптеките на Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Еурофарм како и во дрогериите на DM.