Видови на главоболки и нивен третман

Третманот на главоболката зависи од видот на главоболката и затоа кога главата ќе почне да боли многу е важно да се знае за каков тип на главоболка станува збор.

Бидејќи постојат многу различни видови на главоболка понекогаш на пациентите им се советува да почнат да водат дневник кој би требало да им помогне во одредувањето на видот на главоболката.

Во ваквиот тип на дневник се запишува кога точно се појавува главоболката, симптомите, потенцијалните тригери, како стресот или промените во спиењето.

Постојат акутни и хронични главоболки, пример за хронични главоболки се следниве:

  • Хемикраниа континуа – е главоболка која се јавува на едната страна од главата и се чувствува како мигрена
  • Примарна прободувачка главоболка – која трае неколку секунди и може да се јави неколку пати во денот
  • Примарна главобoлка предизвикана од вежбање
  • Хронична пароксимална хемикранија – се јавува на едната страна од главата во форма на остра болка и може да предизвика солзење на очите или затнат нос
  • Главоболка од лекови – се јавува при прекумерна употреба на лекови во период од најмалку три месеци. Ваквиот тип на главоболки се јавуваат најмалку 15 дена во месецот.

Најчест вид на главоболки се тензиските главоболки:

  • Тие може да се чувствуваат како околу главата да има врзано појас кој боли, како притисок или тапа болка
  • Може да предизвикаат болка со умерен интензитет на двете страни од главатa.
  • Се разликуваат во фрекфенцијатa на појавување и може да бидат повремени или да се јавуваат и повеќе од 15 дена месечно
  • Можат да траат од триесетина минути па дури и до една недела

Третманот на главоболките најчесто вклучува употреба на лекови против болка кои се продаваат без рецепт, како што се аспирин, ибупрофен и парацетамол.

Алтернативната терапија на главоболките вклучува употреба методи за намалување на стресот како што се: когнитивна бехевиорална терапија, биофидбек, масажа, акупунктура итн.

Поинаков пристап има во третманот на мигрената, затоа што таа претставува специфичен вид на главоболка.  Болката во овој случај може да варира од средна до силна, да биде пулсирачка, да предизвикува лошење и повраќање, зголемена чувствителност на звук и светлина, најчесто се јавува на едната страна од главата, но не е исклучена можноста и да се појави на двете страни.

Мигрената може да трае од 4 до 72 часа кога е без третман, и се влошува при некакви активности како што е на пример качувањетоо по скали.

Третманот е насочен кон ублажување на симптомите и кон превенирање на дополнителни напади.

Најчесто се советува одмарање во тивка и темна соба, ставање на ладни или топли облози на главата или на вратот, масажа и внес на мали количини на кофеин.  Се употребуваат и лекови против болка, но и лекови кои одат на рецепт како суматриптан и золмитриптан, а во превентивни цели се земаат и бета блокатори како метопролол и пропранолол, и некои други лекарства кои истотака треба да бидат препишани од доктор.