Видови на мозочни повреди и оштетувања

Постојат неколку вида на оштетување на мозочното ткиво, а сите тие се поделени на две основни групи:

1.Трауматски оштетувања на мозокот

2.Стекнати оштетувања на мозокот

Трауматски оштетувања на мозокот

Трауматските оштетувања настануваат како резултат на траума односно физичка повреда на мозочното ткиво.  Во оваа група на повреди и оштетувања спаѓаат:

  • Внатрешна повреда на главата – кога под дејство на надворешна сила како што е на пример удар во главата доаѓа до отекување на мозокот во внатрешноста на черепот без притоа да дојде до оштетување на самиот череп.
  • Потрес на мозок – во овој случај се случува повреда на мозокот поради удирање од внатрешноста на черепот. Потресот може да биде резултат на внатрешна повреда или на пенетрирачка повреда на главата.
  • Контузија – претставува модрица или крварење во мозокот и најчесто е резултат на удар во главата.
  • Пенетрирачка повреда – се случува најчесто кога некој остар предмет успева да го пробие черепот и да продре во мозокот предизвикувајќи негово оштетување.
  • Синдром на бебе што се тресе – оваква повреда може да се случат доколку некој силно го тресе своето бебе.

Стекнати оштетувања на мозокот

Стекнатите оштетувања се резултат на наследна или дегенеративна причина и не се последица на трауматска повреда. Во оваа група на оштетувања спаѓаат:

  • Мозочен удар – се случува поради дотур на крв во дел од мозокот, како резултат на крварење или тромб во мозокот.
  • Тумор – постојат повеќе видови на мозочни тумори, но сите предизвикуваат одреден степен на оштетувања во мозокот.
  • Инфекции и воспаленија – инфекции како што е менингитис водат до воспаление и оштетување на мозокот.
  • Аноксична или хипоксична повреда – повредата настанува поради недоволен дотур на кислород во мозокот.

Оштетување на мозокот може да настане и поради употреба на нелегални дроги и алкохол.  Алкохолизмот доведува до намалување на мозокот кое се нарекува мозочна атрофија, но постојат и докази кои посочуваат дека дури и умереното пиење на алкохол (од 5 до 9 чаши неделно) истотака може да доведе до мозочна атрофија.

Алкохолот може негативно да влијае и врз функцијата како и врз животниот рок на мозочните клетки, а се посочува и како причина за појава на болести кои последоватено можат да го оштетат мозокот како што се Верник-Корсаков синдром, хепатична енцефалопатија итн.

Мозокот е комплексен орган, различни делови од мозочното ткиво обавуваат различна функција, а симптомите на мозочното оштетување варираат и укажуваат во кој дел е настанато оштетувањето.

Најчести симптоми кои укажуваат на оштетување во мозокот се проблеми со рамнотежата, заматен вид, конфузија, потешкотии со говорот, потешкотии со меморијата итн.  Доколку некој се сомнева во оштетување или повреда на мозокот потребно е итно да побара лекарска помош.