Холестеролот е маснотија, молекула слична на молекулата на масна киселина, неопходна е за организмот да функционира нормално и здраво. Присутен е во секоја клетка, тој е компонента на крвта и човечкото тело. Без холестерол не би можеле да живееме, затоа што е потребен за многу метаболички процеси и размена на материи. Без холестерол, ниту човечкиот мозок не може да функционира. Неопходно е во процесот на создавање полови хормони, така што без него не би постоеле тестостерон, естроген, ниту хормони на надбубрежните жлезди, а е и незаменлив учесник во процесот на формирање на жолчни киселини.
Холестеролот се формира во организмот, сите клетки можат да го создадат, а главното место каде се формира е црниот дроб. Оваа витална супстанција се внесува и со храната, а ако во организмот се внесува многу храна, производството во клетките се намалува. Со цел холестеролот да може да се пренесува со крвта од црниот дроб или дигестивниот систем до секоја клетка и ткиво во телото, се врзува со одредени протеини во липопротеините. Најважните видови на липопротеини се ЛДЛ и ХДЛ честички. Значи, холестеролот е многу важна материја за живот, тој е добар и неопходен, но како што вообичаено не е добро кога нешто има премногу, така не е добро ни неговото превисоко ниво.
Затоа, треба да се направи разлика помеѓу добриот ХДЛ и лошиот ЛДЛ холестерол, чие зголемено ниво во крвта, создава ризик од развој на кардиоваскуларни болести.
ЛДЛ (ЛОШ) ХОЛЕСТЕРОЛ
ЛДЛ честичките го складираат холестеролот во органите, ткивата и ѕидовите на крвните садови, а акумулацијата на ЛДЛ може да доведе до атеросклероза и стеснување на артериите кои можат да го зголемат ризикот од срцев и мозочен удар. Имено, ако во организмот постои вишок холестерол, телото не може да го искористи. Затоа, холестеролот останува во крвта и постапно се складира на ѕидовите на крвните садови. Се создаваат таложења (плак) кои етапно ги стеснуваат размерот на артериите и ја намалуваат нивната еластичност причинувајќи така развој на кардиоваскуларни болесто. На овој процес најмногу му погодува покаченото ниво на ЛДЛ холестеролот ово крвта, а виновници се и опасните материи кои ги внесуваме во организмот, како никотинот, како и оштетувања настанати поради покачен крвен притисок.
НАЈЧЕСТИ РИЗИК ФАКТОРИ ЗА РАЗВОЈ НА ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ:
- Прекумерна телесна тежина
- Нездрава исхрана
- Недоволна физичка активност
- Пушење
- Семејна анамнеза на висок холестерол
- Дијабетес
- Болести на бубрезите
- Хипотиреоза
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ВИСОК ХОЛЕСТЕРОЛ ВО КРВТА?
Покачениот холестерол во крвта може да помине речиси незабележливо се додека не направите крвни анализи. Но, некои симптоми може да укажуваат дека нивото не ви е на нормално или на потребно ниво.
- Жолтеникави израстоци на очите капаци (ксантелазма – масни наслаги околу очите)
- Сиви прстени околу рожницата (таложење масти во рожницата)
- Трнење во рацете и нозете
- Болки во вратот кои се последица на запушени крвни садови
- Забрзана работа на срцето
Доколку забележите некои од горенаведените симптоми, обратете се кај вашиот лекар кој ќе ве упати да направите крвни анализи.

ЛДЛ (ЛОШ) ХОЛЕСТЕРОЛ