ХИПОТИРЕОЗА – Што значи кога тироидеата работи забавено

Болеста Хашимото е нарушување кое влијае на тироидеата, мала жлезда при дното на грлото, под Адамовото јаболко. Штитната жлезда е важен дел од ендокриниот систем, а хормоните на тироидеата контролираат бројни активности во телото.

ХИПОТИРЕОЗА

Ако имате Хашимото синдром, се случува да вашиот имун систем ја напаѓа тироидеата. Хашимото е тесно поврзан со стресот, токму поради тоа што при силен стрес, имуниот систем погрешно ги лоцира причинителите на стресот во тироидеата, па ја напаѓа.

Се јавува воспаление на жлездата и со тоа и послаба нејзина активност. Појавата на недоволна активност на штитната жлезда се нарекува хипотиреоза.

Хашимото е најчестиот, иако не и единствен, причинител за хипотиреоза.
Најизложена група на ова нарушување се жените во средни години, но може да се појави и кај двата пола на било која возраст.

СИМПТОМИ ХИПОТИРЕОЗА

Болеста Хашимото кај сите не предизвикува исти симптоми, а оние видливите симптоми се симптоми на хипотиреоза, која е последица на Хашимото. Болеста напредува бавно со текот на годините,и, ако не се лекува, предизвикува хронично нарушување на работата на тироидеата.

Тоа доведува до хронично опаѓање на нивоата на хормоните на штитната жлезда во крвта.

Најприсутни симптоми на хипотиреоза се:

  • Замор, летаргичност и тромост
  • Бледа и сува кожа
  • Пречувствителност на студенило
  • Запек
  • Дебелеење и надуеност (поради големата количина на вода), особено видлива на лицето и на колената
  • Депресија
  • Менструацијата трае подолго
  • Длабок глас

Ако не се лекуваат, симптомите постпенео стануваат поизразени, а во подоцен стадиум, тироидеата станува зголемена, што може да се види како задебелување на вратот.

Ако имате некои од наведените симптоми, обратете се кај лекар и кажете дека се сомневате на нарушување на работата на штитната жлезда.