Течење нос, чешање на очите и болни синуси – типични симптоми на алергија на полен, кои често ги заменуваме и за настинка.
Но, она што ги разликува од настинката е што траат многу подолго од обичната настинка. Тегобите најчесто се смируваат дури по примена на соодветни лекови. Симптомите се јавуваат зачестено секоја година во ист временски период. Познавањето на просторната и временската динамика на поленовите зрнца во текот на годината, еден е од главните фактори за превенција и лекување на алергијата на полен. Во тој контекст, најдобра превентива е намалување на изложувањето на алергени, што во пракса е многу тешко изводливо.
Но, може да се каже дека постои одреден почеток на сезоната на полен оти поленот постојано е присутен во воздухот, но во зима е во нешто помала концентрација.
Поленот е дефиниран како најсилен природен аероалерген и најчест причинител на алергиските болести на дишниот систем Поленот е многу поагресивен во градовите, каде се врзува за лебдечките честички на смогот и многу поинтензивно делува на системот за дишење.
Не постои одреден период кога ќе станеме алергични на полен, и тоа може да се случи од најраната до најстарата возраст.
СИМПТОМИ НА АЛЕРГИЈА НА ПОЛЕН:
- Кивање и обилен водлест исцедок од носот
- Повремено губење на сетилото за мирис
- Чешање на слузницата, носот и грлото
- Солзење, печење и чешање на очите
- Црвенило на очите
- Кашлица
- Оштежнато дишење
