ДЕПРЕСИЈА – Физички симптоми

Клиничката депресија е ментално нарушување кое се карактеризира со лошо расположение, ниска самодоверба и губење на интерес за некогаш сакани активности. Не постои лабораториски тест за депресија, иако психијатрите понекогаш бараат тестови за други физички состојби кои би можеле да предизвикаат депресија.

Депресијата најчесто се јавува помеѓу 20 и 30 година, но последниве години е зачестена и во возранста група од 30 до 40 години.

ФИЗИЧКИ СИМПТОМИ НА ДЕПРЕСИЈАТА СЕ:

  • Проблеми со сонот

Депресијата може да влиаје на телото, исто како и на умот. Тешкото заспивање, но и  потешкотиите да се остане заспан и да се задржи непрекинат сон, се вообичаени кај депресивните лица. Некои мислат дека и премногу спијат.

  • Болка во градите

Болката во гради може да биде знак за проблеми со срцето, белите дробови или желудникот, затоа побарајте лекарска помош за да ги исклучите овие проблеми. Понекогаш, болката во градите е знак и за депресија. Депресијата може да го подигне ризикот од болести на срцето. Лицата кои преживеале срцев удар почесто се депресивни.

  • Замор и исцрпеност

Доколку се чувствувате многу заморно и немате енергија за секојдневните задачи, тоа може да е знак дека сте депресивни. Депресијата и заморот заедно имаат тенденција да уште повеќе ги влошат и двете состојби. 

  • Болка во мускулите и зглобовите

Кога живеете во постојана болка, тоа може да го зголеми ризикот од депресија. Депресијата може да доведе и до болки, бидејќи двете состојби делат ист хемиски гласник во мозокот. Депресивните луѓе имаат три пати поголема веројатност дека ќе добијат регуларна болка.

  • Проблеми со дигестијата

Мозокот и дигестивниот систем се тесно поврзани, поради што, многумина добиваат болка во желудникот или чувство на мачнина кога се загрижени или се под стрес. Депресијата може да навлезе и во цревата – да причини мачнини, дигестивни пречки, пролив или запек.

  • Главоболка

Една студија покажала дека лицата со тешка депресија имаат тројно поголема шанса да имаат мигрена, за тие пак се со огромен ризик да станат депресивни.

  • Болка во грбот

Кога боли грбот на редовна основа, тоа може да допринесе за развој на депресија. Лицата пак, кои веќе имаат депресија имаат за четири пати поголема веројатност да добијат интензивна, онеспособувачка болка во вратот или во грбот.

  • Сексуални проблеми

Ако сте депресивни, може да изгубите интерес за секс. Некои лекови кои третираат депресија може да го намалат сексуалниот нагон.