Кои симптоми откриваат дека сте во депресија?

Депресијата е психијатриско пореметување кое се вбројува во групата на нарушувања на расположението. Тоа е оној дел од нарушувањето во кој расположението патолошки е намалено поради што кај болното лице настапуваат низа промени во изгледот, размислувањето, доживувањето на околниот свет и самиот себе.

Депресијата често е непрепознатливо пореметување и висок е процентот на неизлекувани и несоодветно лекувани случаеви.

Болеста на почетокот се јавува како интеракција на стресните животни случувања и конституции, но после две-три епизоди, пациените веќе не го препознаваат стресот како причина за повторен “пад во депресија“, туку им се чини дека болеста едноставно доаѓа спонтано сама од себе.

ЕПИДЕМИОЛОГИЈА НА ДЕПРЕСИЈАТА

Нарушувањата на расположението е меѓу најчестите “големи“ психијатриски пореметувања. Од засега непозната причина, бројот на лица со депресивни пореметувања се зголемува континуирано од 1910 година во сите индустриски земји. Исто така и возраста кога настапува депресијата се поместува кон помладите возрасни групи. Депресивните пореметувања може да се јават во широк возрасен распон од детска возраст, па се до длабока старост.

Инциденцата (зачестеноста) на депресивни нарушувања кај општата популација е 3,6-6,8%, а според некои податоци, преваленцата на големо депресивно растројство во западните земји е околу 6-12%, а доживотниот ризик од болеста е 27-37%. Се проценува дека во текот на животот, униполарната депресија може да се појави кај околу 20% од жените и 10% од мажите. Секоја петта жена и секој десетти маж доживуваат барем една сериозна депресивна епизода за време на нивниот живот.

Депресијата често е непрепознаено нарушување, со висок процент на нелекувани и несоодветно третирани случаи.

Речиси 75% од депресивните пациенти размислуваат за самоубиство, а 10-15% и го прават тоа, а особено загрижува високата стапка на самоубиства кај младите луѓе.

Депресијата е чест придружник на разни физички болести, се јавуваат кај 20-45% од малигните заболувања, 26-34% кај цереброваскуларни болести, 33-35% кај хронична болка, 15-33% кај миокарден инфаркт и 40% кај Паркинсонова болест.

ДИЈАГНОЗА НА ДЕПРЕСИЈА

За поставување на дијагноза на депресивна епизода потребни се најмалку два типични и два други симптома, како и траење на симптомите од најмалку две недели.

Типични симптоми на депресија се:

  • Депресивно расположение;
  • Губење интерес и задоволство во вообичаените активности кои причинуваат задоволство;
  • Намалена енергија и зголемен замор

Други чести симптоми на депресија се:

  • Нарушен сон, несоница или хиперсомнија;
  • Нарушување на апетитот, значително намалување или зголемување на телесната тежина повеќе од 5%;
  • Намалена концентрација и внимание;
  • Намалено самопочитување и самодоверба;
  • Идеи за вина и безвредност;
  • Идеи за самоповредување или самоубиство;
  • Промена во психомоторната активност, возбуда (немир) или ретардација

Доколку симптомите траат пократко до 2 недели, се зборува за краткотрајна депресивна епизода. Ако се присутни два типични и други два депресивни симптома, станува збор за блага депресивна епизода.

Ако се присутни два типични и 3-4 други симптоми, се работи за умерно изразена депресивна епизоди, а кога се присутни 3 типични и најмалку 5-6 останати симптоми, тоа е тешка депресивна епизоди. Кога се присутни витални симптоми, се зборува за депресивна епизоди со соматски синдром.