ДИСКУС ХЕРНИЈА

Сигурно некогаш во живото сте почувствувале болка во грбот, а можно е и сега да чувствувате. Сепак, постои една специфична и непријатна болка во грбот. Таа може да ви се појави од чиста мира, кога најмалку се надевате. Болка што не сакате да ја почувствувате. Никогаш!

Толку е подмолна што во еден момент вие може да муабетите со пријателите на кафе, а во следниот, кога е се обидете да станете може да почувстввате оштра болка во долниот дел од грбот. Што се случува? За жал, голема е веројатноста да имате дискус хернија.

ШТО СЕ ДИСКУСИ?

За да се одговори на ова прашање, потребно е да се кажат неколку реченици за ‘рбетот, прешлените и начинот на кој тие се поврзани.

АНАТОМИЈА

  • Нашиот ‘рбетстолб има 33 составни делови, односно прешлени.
  • Прешлените се делат на вратни, градни,слабински (лумбални), крсни и опашни
  • ‘Рбетот не се состои само од прешлени, туку и од специфични желатински ‘перничиња’, односно дискови кои се наоѓаат помеѓу прешлените

Овие дискови, односно дискуси претставуваат еластична врска помеѓу прешлените и ги штитат да не дојде до триење. Дискусите се наши најдобри сојузници во движењето, свиткувањето и целокупната агилност на нашето тело. Да ги нема нив, не би можеле да го придвижиме ‘рбетот.

Токму затоа кога ќе дојде до повреда на тие дискови, кога ќе почнат да “искачаат“ од своите места, доаѓа до голем проблем.

РАЗНИ ПРОБЛЕМИ СО ДИСКОВИТЕ

Дегенрација на дискот – последица од нарушување во процесот на изградба, но и во разградувањето на градивните елементи на дискот

Протузија на дискот – доаѓа до пукање на прстените до надворешните слоеви, па ткивото се испакнува нанадвор, но не излегува надвор од границата на дискот.

Пролапс на дискот – подразбира пукање на прстените на дискот и постои подвижен и неподвижен пролапс

Секвестрација на дискот – ткивот се одвојува од дискот и се губи меѓусебната врска

ШТО Е ДИСКУС ХЕРНИЈА?

Дискус хернијата е пролапс на меѓупрешленскиот диск. Ова е болест на меѓупрешленскиот диск на ‘рбетниот столб и се појавува како последица на пролапс и продор на желатинското јадор во меѓупрешленските отвори. Ваквиот продор врши притисок на корените на спиналните нерви, што може да предизвика исклучително силни болки. Притисокот некогаш се јавува и централно во просторот во кој се наоѓа ‘рбетниот мозок.

При вакво пореметување, доаѓа до делумна или целосна руптура на ‘рскавицата на фиброзниот прстен на дискот со пролапс на јадрото. А, во зависниот од тоа се и последиците кои поединецот може да ги искуси.

Проблем со дискус хернија најчесто имаат лица на возраст помеѓу 30 и 60 години, а почесто се јавува кај мажи. Статистиката вели дека на 1.000 возрасни лица, годишно дискус хернијата се појавува кај околу 20 лица.

Интересно е дека во ‘рбетот постои еден диск со кој луѓето најчесто имаат проблем, а тоа е C6-7. Дискус хернијата на овој диск предизвикува многу симптоми. Најчест е радикулопатија, болест на спиналниот нерв во подрачјето на вратниот дел од ‘рбетот.

Но, повеќето хернирани дискови се јавува во лумбалниот дел од ‘рбетот, помеѓу L4 и L5 прешлените и е причина за напорни болки во долниот дел од грбот.

ПРИЧИНИ

Како што обично бива, не постои само една причина за дискус хернија, туку ги има повеќе. Најчестата прична за дискус хернија е дегенеративен процес кој доаѓа со стареење и доведува до тоа да желатинозната маса стане помалку хидрирана и многу послаба. Токму поради тоа, оваа болест најчесто се јавува кај лица кои имаатпомеѓу 30 и 60 години, а не кај млади. Овој дегенеративен процес постепено доведува до дискус хернија и симптоми.

Втора најчеста причина за дискус хернија е повреда. Повредата може да биде поврзаа и со дегенеративен процес, бидејќи лицата кои имаат полоша генетика може да бидат поподложни на повреди. Но, повреда може да се случи секому, па дури и најздрави и физички подготвени лица. Повредите се јавуваат по физичко преоптоварување, при тренинг, подигање и носење тешки работи и слично. Затоа понекогаш дискус хернијата се нарекува и ‘рбетна кила.

Покрај овие две најчести причини, чести причини се и ревматоидните и инфламаторните болести. Но, тука се и лошиот стил на живот, лошото држење и неправилното седење, недоволна физичка активност и слично. Постои можност до дискус хернија да дојде и без влијание на било какви надворешни фактори. Еден ден може да се чувствувате совршено, а веќе следниот може да ви е проблем да станете од кревет.

СИМПТОМИ

Најголем проблем кај дискус хернијата и главен симптом е болката. Болката може да се јави додека одите, кога лежите и спиете, кога се движите, кога воопшто не се движите, кога придвижувате само еден дел од телото, па дури и кога кивате или кашлате.

Ако дискус хернијата се наоѓа во долниот дел од грбот, болка може да чувствувате и во бутовите и во долниот дел на нозете, како и во стапалата.

Ако дискус хернијата се наоѓа во вратниот дел од ‘рбетот, обично болката се јавува во подрачје на рамото и рацете.

Болката за жал не е единствен симптом што сее јавува. Во деловите каде се наоѓа дискус хернијата, можно е да чувствувате трнење или вкочанетост, како и слабост во мускулите.