Каква е поврзаноста на стресот со храната?

Исхраната е важен фактор кој придонесува за квалитетот на живот. Одлуките за нездрави диети во комбинација со пушење цигари, недоволна физичка активност и прекумерно консумирање алкохол се важни предуслови за развој на болести.

Епидемијата на обезност (прекумерна телесна тежина) стана чест и важен предмет на истражување. Дефицитите предизвикани од прекумерната тежина може да бидат и психосоцијални и физички.

Дебелината е поврзана со зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, хиперлипидемија, хипертензија, дијабетес, нарушување на спиењето, карцином, мускулно-скелетни болести, панкреатитис, болести предизвикани од бактерии, неплодност, инконтиненција и др.

Обезните луѓе и многу често страдаат од анксиозност, недоволна социјална активност и депресија. Како едно од решенијата на проблемот со обезност, се предлага медитеранска исхрана која вклучува маслиново масло кое содржи состојки кои помагаат во лекување и превенција на горенаведените болести.

Нездравиот начин на живот (недоволна физичка активност, пушење, нередовна исхрана, прекумерно консумирање алкохол и кафе) се доведува во релација со големи здравствени проблеми (кардиоваскуларни болести, рак, остеопороза) кои влијаат на квалитетот и должината на животот. Непријателството, лутината и агресивното однесување исто така придонесуваат за тоа.