Тешко депресивно пореметување
Тешкото депресивно пореметување е нарушување на расположението кое карактеризира трајно депресивно расположение кое оневозможува нормално функционирање. Симптомите понекогаш може да бидат толку интензивни да влијаат на способноста на извршување на секојдневните активности и извршување на обврските.
СИМПТОМИ
- Преплавеност со чувства на безбадежност и тага
- Недоволно интерес за активности во кои претходно сте уживале
- Пореметено спиење, како несоница или прекумерно спиење
- Преплавени чувства на немир и вознемиреност
- Недоволна концентрација
- Недоволно апетит или прејадување
- Суицидни мисли
Шизофренија
Шизофренијата е пореметување на мислите, кое се карактеризира со несовпаѓање помеѓу верувањата, емоциите и однесувањето предизвикано од заблуди и халуцинации. Симптомите понекогаш можат да бидат толку интензивни што влијаат врз способноста за вршење на нормални секојдневни активности и исполнување на обврските.
СИМПТОМИ
- Заблуди со лажни верувања
- Халуцинации со лажна сензорна перцепција
- Неорганизирани мисли со неразбирлива форма на комуникација
- Неорганизирано однесување со кататоничен изглед, бизарно држење на телото, прекумерна вознемиреност
- Недостаток на контакт со очите
- Лоша лична хигиена
- Тешкотии во толкувањето или изразувањето на емоциите