Повеќето луѓе кои страдаат од покачен крвен притисок можат и никогаш да не развијат симптоми. Некогаш се случува да минат десетина години пред симптомите да станат очигледни, но во тој случај најчесто и состојбата достигнала некое посериозно ниво.
За најчести симптоми на покачениот крвен притисок се сметаат следниве:
- главоболки
- недостаток на здив
- крварење од носот
- зацрвенување
- лошење
- болки во градите
- промени во видот
- крв во урината
Ако се појави вакво нешто треба да се знае дека ваквите симптоми бараат итно медицинско внимание. Тие не се појавуваат кај сите лица кои страдаат од хипертензија, но игнорирањето на сериозните симптоми понекогаш може да биде и фатално.
Најдобар начин за да откриеш дали има покачен крвен притисок е редовно да ги мериш неговите вредности.
Вообичаено и при рутинските едногодишни контроли кај твојот матичен лекар се врши мерење на притисокот, но доколку имаш некакви ризик фактори како фамилијарна историја на срцева болест тогаш докторот може да побара притисокот да се контролира два пати годишно, за да се избегнат некои посериозни компликации.
Мерењето на крвниот притисок всушност претставува и главен начин за дијагностицирање на хипертензија.
Но, многу ретко дијагнозата се поставува само врз база на едно мерење, најчесто е потребно да се направат неколку последователни контроли во тек на неколку наредни дена или недели.
Ова е неопходно затоа што и самата околина, како докторската ординација може да го зголеми притисокот затоа што најчесто го покачува и нивото на стрес, а освен тоа самиот притисок има моќ да се менува во тек на денот.
Доколку мерењето сепак покаже повисок притисок, во тој случај докторот може да побара и дополнителни ттестови со цел да го елиминира потенцијалното постоење на некои други затскриени состојби.
Најчестите тестови се:
- проверка на урина
- проверка на холестерол
- ЕКГ
- Ултразвучен преглед на срце и бубрези
Овие тестови се потребни за са се идентификува дали постои и некој друг здравствен проблем кој е всушност причина за секундарната појава на висок крвен притисок.