Кој е во ризик група за развој на алергија на полен?

Течење нос, чешање на очите и болни синуси – типични симптоми на алергија на полен, кои често ги заменуваме и за настинка.

Но, она што ги разликува од настинката е што траат многу подолго од обичната настинка. Тегобите најчесто се смируваат дури по примена на соодветни лекови. Симптомите се јавуваат зачестено секоја година во ист временски период. Познавањето на просторната и временската динамика на поленовите зрнца во текот на годината, еден е од главните фактори за превенција и лекување на алергијата на полен. Во тој контекст, најдобра превентива е намалување на изложувањето на алергени, што во пракса е многу тешко изводливо.

Но, може да се каже дека постои одреден почеток на сезоната на полен оти поленот постојано е присутен во воздухот, но во зима е во нешто помала концентрација.

Поленот е дефиниран како најсилен природен аероалерген и најчест причинител на алергиските болести на дишниот систем Поленот е многу поагресивен во градовите, каде се врзува за лебдечките честички на смогот и многу поинтензивно делува на системот за дишење.

Не постои одреден период кога ќе станеме алергични на полен, и тоа може да се случи од најраната до најстарата возраст.

СИМПТОМИ НА АЛЕРГИЈА НА ПОЛЕН:

  • Кивање и обилен водлест исцедок од носот
  • Повремено губење на сетилото за мирис
  • Чешање на слузницата, носот и грлото
  • Солзење, печење и чешање на очите
  • Црвенило на очите
  • Кашлица
  • Оштежнато дишење