Кога се во прашање симптомите на ментални болести, се чини дека постои голема разлика во начинот на кој им пристапуваме. Пред се, постојат некои вообичаени стигми поврзани со душевните состојби и тешко признаваме дека имаме ваков тип на здравствен проблем.
Сите би сакале да имаме силен ум и тело и способност за самостојно функционирање без потреба да зависиме од некого или од нешто. Сепак, ако забележите симптоми на менатлна болест, би било добро во себе си да пронајдете волја и сила да побарате помош пред да изгубите контрола над симптомите.
Иако симптомите на некоја ментална болест можеби и се присутни, можно е да страдате од нарушување кое ја намалува вашата споссобност да го воочите. Затоа е добро да ги знаете, но и да ги препознаете најчестите симптоми поврзани со најчестите ментални болести.
Биполарно пореметување
Биполарното нарушување е пореметување на расположението кое се манифестира со нагли промени на расположението кои не се контролираат, од тешки епресии до екстремни мании. Симптомите понекогаш можат да бидат толку интензивни да влијаат секојдневниот живот.
СИМПТОМИ
- Лесно одвлекување на вниманието со ситни работи
- Мисли кои непрекинато надоаѓаат
- Претерано еуфорично чувство на самодоверба
- Лесно запаѓање во состојба на вознемиреност
- Хипервербалност
- Значајно зголемено ниво на активности
- Преплавеност со чувства на безнадежнст и тага
- Недостаток на интерес за активности кои ви биле омилени
- Чувство на безвредност и вина
- Несоница
- Немир и вознемиреност
- Недоволна концентрација
- Прејадување или изгладнување