Модерно време и “старомоден“ црн дроб

Црниот дроб е најголем орган во човечкото тело – анатомски е едноставен, но функционално е многу сложен. Се наоѓа во десниот горен дел од стомачната шуплина и во поголемиот дел е заштитен од ребрата. Се состои од лев и десен лобус. Горната страна му е испапчена, долната лежи на дебелото црево и желудникот, а со задната страна, црниот дроб е поврзан со дијафрагмата.

Под црниот дроб се наоѓа жолчното кесе, делумно панкреасот и тенкото црево. Сите овие органи работат заедно на варење, обработка и апсорпција на храната. Црниот дроб на возрасно лице е тежок околу 1.350 грама и низ него, во состојба на мирување, секоја минута протекува околу 14 дл крв.

За разлика од останатите органи, црниот дроб прима крв богата со кислород од црнодробната артерија, а крвта што е останата без кислород од порталната вена. И токму оваа вена, носи крв богата со хранливи материи од дигестивниот тракт.

Црниот дроб е главен “контролор“ и филтер на внесените материи и “одлучува“ за нивната судбина: складирање или понатамошна преработка и дистрибуција.

Оваа специфична телесна лабораторија бара наша посебна поддршка, бидејќи човек може да живее со еден бубрег, да живее и без слезинка, бешика, па дури и без желудник, но не може без црн дроб. Добра вест е дека црниот дроб има неверојатна моќ за регенерација, т.е. може да биде отстранет негов поголем дел, а тој сепак целосно да се обнови.

Црниот дроб помага во варење на храната, ја чува енергијата и по потреба ја дистрибуира, а важна улога му е и елиминирање на токсините. Звршува 500 различни функции во организмот.

Повеќе од било кога претходно, луѓето денес се изложени на токсини кои се појавуваат во различни форми. Пестциди и хербициди од храна, тешки метали и цел спектар на токсини од загадениот воздух, секакви хемикалии од водата што ја пиеме, хормони од намирницит од животинско потекло…

Тука се и вештачките состојки од индустриски процесуираната храна, па и бројни, докажано штетни, состојки од средствата за лична хигиена.

Од се по малку, овие токсини влегуваат во телото, преминуваат во крвотокот и стигаат до црниот дроб. Црниот дроб се грижи да ги сортира – одлучва што треба да задржи за добробит на организмот, а што треба да неутрализира и елиминира.

Отстранувањето на токсините не е едноставен процес, а филтрацијата и детоксикацијата се одвива во две фази.

Црниот дроб најмногу е изложен на “хировите“ на животниот стил како што се: алкохолизам, неумереност во исхраната и недоволна физичка активност. Црниот дроб може да елиминира ограничена количина на токсини, а останатите се акумулираат во организмот. Со тек на време, токму овие токсини почнуваат да создаваат тегоби и различни нарушувања и болести.

НАЈЧЕСТИ БОЛЕСТИ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Болестите на црниот дроб се појавуваат од различни причини, но сите може да го оштетат и да влијаат на неговата функција. А нарушената функција на црниот дроб влијае на целиот организам, па затоа е важно на време да воочат промените, да се консултира со лекар и според неговите препораки, секако да се промени начинот на исхрана и животниот стил, за да се одбегнат сериозни болести на црниот дроб.

ПРВИ СИМПТОМИ КОИ УКАЖУВААТ НА НАРУШЕНА ФУНКЦИЈА НА ЦРНИОТ ДРОБ СЕ:

  • Иритација на кожата и чешање
  • Темна боја на урината (укажува на покачен билирубин)
  • Жолтеникава, нездрава боја на кожата и белката во окото