Што е пострауматско стресно пореметување?
Посттрауматското стресно нарушување е анксиозно нарушување кое се карактеризира со чести флешбекови и ноќни кошмари поврзани со некои претходно преживеани искуства или сведочење на трауматично и по живот опасно случување. Симптомите можат да бидат толку сериозни да ве блокираат во извршувањето на секојдневните активности и обврски.
СИМПТОМИ
- Чести и несакани сеќавања на некое случување
- Ноќни кошмари кои вклучуваат траума
- Физичка реакција на случување кое делува како тригер за труматски сеќавања
- Избегнување разговор за труматичното случување
- Активно избегнување на луѓе, места и работи кои може да делуваат како тигер за размислување за траумата
- Чувство на безнадежност
- Губење на помнењето поврзано со трауматични случувања
- Недостаток на интерес за нормални секојдневни активности
- Неможност за воспоставување блиски релации
- Чувство дека некој постојано ве демне
- Чувство дека сте во постојана опасност
- Неспособност за концентрација
- Раздразливост
- Несоница
- Уживање во опојни дроги или алкохол
- Ризично однесување
Што е опсесивно-компулсивно нарушување
Опсесивно – комуплсивното пореметување е анксиозно пореметување кое се карактеризира со постојана присутност на несакани мисли по кои следи порив да се делува во склад со тие мисли и тоа постојано. Симптомите понекогаш може да бидат толку интензивни да влијаат на способноста на извршување на вообичаените секојдневни активности и исполнување на обврските.
СИМПТОМИ
- Вознемиреност кога некој предмет не е уредно наместен или не е на своето вообичаено место
- Чести и повторувачки сомнежи дали вратата е заклучена
- Чести и повторувачки сомнежи дали електорнските уреди и апарати се исклучени
- Чест страв од контаминација со отрови и болести
- Избегнување на социјални собирања поради страв од допирање други луѓе
- Постојано миење раце
- Постојано броење
- Постојано проверување
- Повторување на некои изјави и реченици