ПРВ СИГНАЛ КОЈ ОТКРИВА ОПАСНОСТ ЗА ЦРНИОТ ДРОБ

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото, одговорен за чистење на крвта, апсорпција на хранливите материи и производство на хемикалии кој ги овозможува нормалните телесни процеси.

Кога црниот дроб не функционира правилно, може да дојде до сериозни, па дури и до фатални последици по здравјето.

Како црниот дроб ќе ви даде до знаење дека не е добро? Според клиничките извештаи, задржувањето вода во телото е најчестиот сигнал за болести на црниот дроб. Ќе го доживеат барем 50 проценти од лицата со цироза, најопасната форма на болест на овој орган, кога оштетеното ткиво ќе го замени здравото. Задржувањето вода може да се воочи така што нозете ќе бидат отечени, но и стомакот.

До тоа доаѓа кога црниот дроб повеќе не може да произведува албумин, протеин кој спречува протекување на течностите од крвните садови во ткивата.

ОСТАНАТИ СИМПТОМИ КОИ МОЖЕ ДА УКАЖУВААТ НА БОЛЕСТИ НА ЦРНИОТ ДРОБ

Жолтица се појавува кога црниот дроб веќе не е во можност да произведува билирубин, природна хемикалија што ја произведуваат црвените крвни зрнца, па тој се таложи во очите и на кожата. Ова е симптом за сериозна болест на црниот дроб, а може да дојде и до затајување.

Крварење, предизвикано ког оштетеното ткиво на црниот дроб спречува процесуирање на доволна количина на крв. Тогаш крвта оди во места, како дигестивниот систем и хранопроводникот, па може да се случи да повраќате крв или да се појави во столицата.

Бледа столица, што може да упатува дека црниот дроб има проблеми со процесуирање на билирубинот.

Чешање на кожата, предизвикано од вишокот соли (билирубин) кој се таложи под кожата.

Доколку имате некои од овие симптоми, секако, потребно е да контактирате лекар.

КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ЦРНИОТ ДРОБ ВИ РАБОТИ ЗАБАВЕНО?

Постојат неколку симптоми кои се појавуваат кога функцијата на црниот дроб е забавена.

  • Често доаѓа до замор, дури и при минимален физички напор
  • Се појавуваат главоболки кои се манифестираат во позадината на окото
  • Болки во зглобовите и мускулите
  • Доаѓа до интензивно потење, оти телото ги исфрла токсините што црниот дрб не може да ги процесуира
  • Се појавуваат проблеми со кожата во форма на акни и егзема, оти доажа до таложење на токсични соединенија кои црниот дроб не ги процесуирал и исфрлил
  • Често се борите со алергии, оти се соочувате со прекумерно токсини во организмот
  • Имате проблем со запек или пролив, а тоа е проследено со болка во абдоменот, а доаѓа и до надуеност
  • Се дебелеете, а не јадете многу
  • Имате проблеми со процесуирање на маснотиите, особено по консумирање на некои масни намирници и имате тешки дигестивни пречки
  • Не можете да го решите проблемот со  лош здив
  • Доаѓа до хормонска нерамнотежа, оти црниот дроб не може да ги елиминира вишокот хормони
  • Потешко се концентрирате и менталните задачи ви создаваат голем напор
  • Се чувствувате депресивно, иако не сте биле изложени на траума или случување што би можело да биде причина за тоа
  • Се чувствувате анксиозно (вознемирено) оти имате чувство дека нешто лошо ќе се случи.