Промената на животните навики во насока на стекнување на поздрави навики е најважниот чекор за контролирање на покачениот крвен притисок, и е една од методите за тој на најприроден начин да се стави под контрола.
Еве неколку од нив:
Здрава исхрана
Здравата исхрана многу влијае врз крвниот притисок. Па затоа, во случај кога вредностите на крвниот притисок се нормални, потребно е да се храниме здраво, со цел да за да ги избегнеме потенцијаните компликации од неконтролираната хипертензија.
Зголемување на физичката активност
Постигнувањето на здрава телесна тежина, која е неопходна за одржување на нормален крвен притисок се прави со зголемување на физичката активност.
Освен што помага за слабеење, вежбањето помага и за намалување на стресот, и за подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем.
Целта според препораките на стручњаците треба да ти биде околу 150 минути умерена физичка активност на неделно ниво. Тоа е еднакво на пет пати неделно 30 минути да отпаѓаат на некоја спортска активност, без оглед дали е аматерска или професионална.
Постигање или одржување на нормалнa телесна тежина
Нормалната телесна тежина е неопходна за одржување на нормален крвен притисок. Затоа ако имаш прекумерна тежина, мораш да најдеш здрав начин за да истата ја намалиш со цел побрзо да го нормализираш покачениот крвен притисок и тоа на природен начин. Најдобро намалување на тежината се постигнува со комбинација на здрава исхрана и зголемена физичка активност.
Менаџирање на стресот
Физичката активност истотака е една од најдобрите алатки за здраво менаџирање на стресот. Но постојат и други активности кои можат да помогнат за живот со помалку стрес и тоа се следниве:
- медитација
- длабоко дишење
- масажа
- релаксација на мускулите
- јога или таи чи
Сите овие се докажани антистрес техники кои многу може да помогнат за природното намалување на покачениот крвен притисок, а и доволното и квалитетно спиење има позитивен ефект.
Почист живот
Ако си пушач, најдобро е да престанеш со таа нездрава навика. Во тутунот има непожелни хемикалии кои можат да ги оштетат ткивата и да ги направат поригидни ѕидовите на крвните садови.
Ако редовно конзумираш алкохол во поголеми количини, потребно е да престанеш и со тоа и или да ја намалиш количината што ја пиеш или целосно да прекинеш со внес на алкохол. Алкохолот има тенденција да го покачува притисокот.