ПРВИ ЗНАЦИ НА БОЛЕСТА
Стручњаците сметаат дека мажите, од раната младост, односно по 15. година треба да прават самопреглед на тестисите за да спречат потенцијален развој на рак.
Иако е релативно редок, ракот на тестиси најчесто се развива помеѓу 15. и 40. година од животот. Првиот знак на болеста не е болка, туку оток или јазол во големина на зрно грашок. Доколку рано се открие, овој вид на рак може да се излекува само со хируршка интервенција. Но, во напредната фаза, покрај операција потребна е хемотерапија и зрачма терапија.
Иако метастатската форма на рак на тестиси до неодамна најчесто била фатална, денес е видлив голем напредок во лекувањето, бидејќи се вклучени високи дози на хемотерапија и спасување на матичните клетки, кои значајно ја подобруваат дијагнозата. Поради тоа, лекарите препорачуваат младите мажи внимателно да ги опипуваат тестисите еднаш во месецот. На тој начин, болеста може да се “фати“ во најрана фаза.
НЕПОЗНАТА ПРИЧИНА
Лекарите се согласуваат дека самопрегледот кај мажите треба да стане дел од рутина. Најдобро време за самопреглед е по туширање, откако кожата на скротумот е опуштена.
Физички промени или впечаток дека се присутни јазли во големина на зрно грашок или цреша, промени на тестисите во големината или во формата, се знак дека пациентот треба да побара стручна помош.
Редовната проверка на тестисите од страна на пациенот, ќе му овозможи јасна слика за тоа што е нормално, а што е невообичаено на овој дел одд телото. Површината на тестисите треба да биде мазна, без задебелувања или јазли. Мала разлика во големината на тестисот е неважна и не е причина за загриженост, потенцираат германските стручњаци. Причината за рак на тестиси се уште е непозната, иако се повеќе со поврзува со наследните карактеристики.