РАК НА ЈАЗИК

Како и кај сите малигни тумори, причината не е точно позната, почест е кај повозрасните мажи со хронична иритација, пушење и консумирање алкохолни пијалаци.

КЛИНИЧКА СЛИКА

Карциномот од јазикот многу брзо се шири кон дното на устата, така што ја зафаќа и лингвалната површина на долната вилица. Присутен е силен fetor ex ore (непријатен здив од устата) во напреднат стадиум, движењата на јазикот се ограничени и при движењата нанапред доаѓа до девијација на јазикот кон болната страна. По секундарна инфекција, јазикот е отечен. Отежнат  и говорот и голтањето. Позитивен наод во регионалните лимфни жлезди е присутен во 70 отсто од случаевите.

Карциномот на јазик многу брзо метастазира во регионалните лимфни жлезди и тоа најчесто ретромандибуларно, така што појавата на метастази на ова место, често може да биде и првата причина за посета на лекар.

Карциномот на јазик е вид на рак кој настанува со малигна преобразба на клетките на јазикот. Постојат повеќе типови на рак на јазик, зависно од видот на клетките, но во повеќето случаи ги погодува плочестите клетки, и затоа се нарекува планоцелуларен карцином.

Општо за туморите во главата и во вратот, вклучувајќи го и ракот на јазикот, карактеристично е дека се јавува кај повозрасни лица поради долготрајна изложеност на различни ризик фактори како пушење и консумирање

ПРИЧИНИ

  • Пушење (дури пет пати поголеми шанси)
  • Консумирање алкохол
  • ХПВ (типови 16 и 18)
  • Несоодветна хигиена на усната шуплина, лоши заби
  • Генетска предиспозиција кај помладите лица

СИМПТОМИ

Постојат два типа на рак на јазик кои се разликуваат по својата локација:

  1. Рак на оралниот дел на јазикот –  ги зафаќа предните две третини
  2. Јазол кој најчесто се наоѓа странично
  3. Јазол кој наликува на раничка и е со сиво-розева боја
  4. Јазол кој лесно крвави на допир
  5. Рак на базата на јазикот – го зафаќа коренот на јазикот кон грлото, и речиси е без симптоми во раниот стадиум

  • Болка
  • Чувство на полно грло
  • Потешкотии при голтање
  • Чувство на кнедла во грлото
  • Промени на гласот
  • Болка во увото