Вообичено, жените во менопауза влегуваат околу 51. година од животот. Овој просек ги опфаќа и оние жени кои во менопауза ќе влезат нешто порано и оние кои со неа ќе се сретнат малку подоцна. Ако ве загрижуваат некои промени на телото, можеби со право се сомневате на ран почеток на менопауза.
Ова се само некои типични симптоми кои упатуваат на ран почеток на менопауза. Ако ве загрижуваат, најдобро е да поразговарате со вашиот матичен гинеколог.
НЕПРАВИЛЕН МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС
Неправилниот циклус ги следи некои жени цел живот, но тоа, кај жени кај кои го немале тој проблем, често е показател дека нешто не е во ред или дека нешто се менува. Типично за почеток на менопауза е скратување на циклусот, односно менструацијата почнува да доаѓа прерано и тогаш изненадно повеќе не доаѓа. Ако ви се чини дека циклусот ви е пократок, следете што се случува и посоветувајте со својот гинеколог како би ги исклучиле останати причинители на таквите промени.
ТОПЛОТНИ БРАНОВИ
Брановите на жештина се можеби најпознатиот симптом на менопаузата. Некои жени вакви бранови имаат еднаш дневно, а некои многу почесто. Тие се јавуваат во текот на денот и предизвикуваат облевање во пот, а се јавуваат и навечер и го попречуваат сонот.
ВАГИНАЛНА СУВОСТ
Женскиот хормон естроген е одговорен, меѓу другото и за здрава вагинална флора и влажност. Еднаш кога нивото на тој хормон ќе падне, може да се појави проблем со вагинална сувост.
ПРОМЕНЛИВО РАСПОЛОЖЕНИЕ
Уште еден знак за почеток на менопаузата е нестабилно расположение. Тоа може да биде многу различно од ден во ден, но понекогаш и значајно варира во текот на денот.