Акутен или хроничен синузитис? Овие се главните симптоми на воспаление на синусите

СИМПТОМИ

  • Замор
  • Болки во вратот
  • Затнат нос
  • Губење на осетот за мирис
  • Солзење на очите
  • Чувство на отеченост на лицето
  • Притисок зад очите
  • Отекување на слузокожата во грлото
  • Болка во увото
  • Забоболка
  • Непријатен мирис во носот
  • Зголемена телесна температура
  • Исцрпеност

 

ОПИС НА БОЛЕСТА

Синузитисот е воспаление на слузницата која ги обложува синусите. Болеста може да биде последица на настинка, воспаление на ждрелото или алергии. На површината на синусите се создава слуз која служи за одржување на влажноста на слузницата и за отстранување на бактериите кои таму се наоѓаат. Кога слузта ќе заостане во синусот, создава притисок и предизвикува болка. Синузитисот има своја акутна и хронична форма. Акутниот синузитис е многу чест и може да го добие секое возрасно лице или дете слергија, настинка, грип или бактериска инфекција на горните дишни патишта. Синузитисот е најчесто блага, самоизлечива болест.

Симптоми на акутен и хроничен синузитис

Акутниот синузитис се карактеризира со затнат нос, чувство на отоци на лицето, притисок зад очите, отекување на слузокожата во грлото и зголемена температура. Може да се јави и болка во увото и вратот, забоболка, губење на осетот за мирис, солзење на очите и непријатен мирис во носот. Сите наведени симптоми често ги следат замор и исцрпеност.

Симптомите на хроничен синузитис подолго траат, а кај некои лица и никогаш во целост не се повлекуваат.

ПРЕВЕНЦИЈА

Воспалението на синуси е тешко да се спречи, но е можно со навремени постапки да се намали тежината и повторувањето на воспалението, како и да се спречи појава на хронично оштетување на слузницата. Избегнувајте материи кои предизвикуваат алергии. Тука спаѓаат, чад од цигари, зачадени простории, прашина, како и одредени видови храна како млечни производи и пченица. Избегнувајте зачестено консумирање алкохолни пијалаци.