Факти кои мора да ги знаете за остеопорозата

Остеопорозата е системска метаболна болест на коските која се карактеризира со намалена коскена маса и промени во микроархитектурата на коските, што доведува до зголемена кршливост на коските и зголемување на ризикот од скршеници.

Се проценува дека околу осум проценти од населението во развиенти земји боледува од остеопороза. Околу 80 проценти од пациентите со остеопороза се жени, а околу 20 проценти се мажи.

Остеопорозата се развива како примарна или како секундарна состојба.

ПРИМАРНА ОСТЕОПОРОЗА

Примарната остеопороза чини околу 95 проценти од случаевите на остеопороза, а се разликуваат три форми – идиопатска остеопороза, остеопороза тип 1 (постменопаузална) и остеопороза тип 2 (сенилна).

Идиопатската остеопороза е ретка, а причината и е непозната. Се јавува кај деца и млади лица кои имаат нормални вредности на хормоните, витамините и не постои очигледна причина за слабост на коските.

Остеопорозата тип 1 (постеменопаузална остеопороза) е последица на зголемена активност на остеокластите. Шест пати е почеста кај жените.

Кај жените е предизвикана од недостаток на естроген, женски полов хормон, кој помага во регулацијата на вградување на калциумот во кооските кај жените. Губењето на естроген го зголемува нивото на цитокинините, кои ги поттикнуваат остекластите во трабекуларната коска на ресорпција. Се јавува помеѓу 51. и 75. година од животот, но може да се јави и порано и подоцна.

Многу ниското ниво на тестостерон кај мажите ја зголемува активноста на остекластите, па повторно доаѓа до остеопороза тип 1.

Кај оваа форма на остеопороза, најчесто доаѓа до компресивни скршеници на ‘рбетот или типични скршеници на палечната коска.

Остеопорозата тип 2 е последица на нормално, постапно намалување на бројот и активности на остеоблатот. Се јавува со стареењето. Се јавува кај лица по 60. година и е два пти почеста кај жените. Постарите жени, често имаат комбинација на остеопороза тип 1 и 2. Кај нив доаѓа до компресивни скршеници на ‘рбетот, скрешници на вратот, бутната коска, надлактицата, како и карлицата.

СЕКУНДАРНА ОСТЕОПОРОЗА

Секундарната остеопороза е одговорна за околу 5 проценти од сите остеопорози, а е поврзана со други болести или лекови. Нејзината појава може да ја предизвикаат ендокрини заболувања, болести на коскена срж, хронични заболувања, дефицитарни состојби, вродени грешки на метаболизмот, лекови и некои други супстанции.

СИМПТОМИ НА ОСТЕОПОРОЗА

Густината на коските се намалува постапно, особено кај лица кои имаат сенилна остеопороза, па на почетокот остеопорозата нема симптоми.

Кога густината на коските ќе се намали толку да се случи скршеница на коската, се јавува болка во коските и во мускулите, и настануваат деформации.

Болките во грбот кои се појавуваат по компресивни фрактури на прешлените, почнуваат нагло, обично не се шират, се влошуваат при тежинско оптоварување, предизвикуваат локална чувствителност и обично почнуваат да се повлекуваат за една недела.

Фрактури може да се појават и на други места, обично на колкот или раката, или поради пад. Фрактурата на колкот се смета за најопасна бидејќи е главната причина за попреченост и губење на независноста кај постарите лица.