Еден час по утринското кафе или попладневно одење во тоалет, е нормална рутина, а понекогаш поголема отстапка може да биде сомнителна. Промените кај здрава млада личност не се причина за аларм. Впрочем, отстапувањето може едноставно да биде и начин на кој телоото ни зборува дека не му се доапаѓа она што сме го изеле.
Сепак, отстапувањето во некои ситуации, може да има здравствен извор.
ИНФЕКЦИЈА
Бактериските инфекции може да резултираат со почесто одење во тоалер, па дури и со пролив. Но, додека тоа и се смета за нормално, столица во која има траги крв, е причина за побрза посета на лекар.
СИНДРОМ НА НЕРВОЗНИ ЦРЕВА
Иако вообичаено се препознава по симптоми како стомачни болки, гасови и грчеви, овој синдром може да влијае и на честотата на одењето во тоалет. Класичната појава на овој синдром вклучува болки во долниот дел на стомакот, грчеви, запек или пролив.
СТРЕС
Послави движења на дебелото црево, се јавуваат во случај на стрес.
МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС
Во деновите пред крварењето или за време на циклусот, нормално е да се зачести одењето во тоалет. Причината за тоа е хормонот прогестерон, кој освен што може да го зачести одењето во тоалет, може да доведе и до појава на пролив, но се тоа е нормално.
ЛЕКОВИ
Некои лекови, како што се антибиотиците, може да влијаат на микробите во цревата, и неретко го менуваат движењето во цревата и доведуваат до појава на пролив.