10 чекори за полесно справување со депресијата

Доколку некој има депресија или почнува да се чувствува депримирано, првото нешто што треба и мора да го направи е да го фокусира времето и енергијата на самиот себе.

Потребно е високо ниво на самосвест и грижа за себе за да се постигнат позитивни резултати и да се надмине депресијата.

Поголемата грижа за себе на секое можно ниво, ќе помогне негативните мисли и чувства да се претворат во позитивни.

Подолу се наведени најчесто советуваните чекори за полесно и ефикасно справување со депресијата:

  1. Започни со редовна физичка активност – за брзо и сигурно да постигнеш пораст на енергијата и расположението
  1. Јади здрава и балансирана храна – наместо да посегаш по нездрави слатки, грицки, алкохол со цел привремено да предизвикаш вештачко и краткотрајно чувство на задоволство кое потоа може да ти се одрази многу негативно
  1. Спиј доволно – здравата рутина во спиењето, ја зголемува можноста за ревитализирање и одмарање во тек на ноќта, што позитивно делува врз депресивното расположение во тек на денот
  1. Направи листа на мали цели – имањето на листа со мали цели, и приоритети кои треба да ги постигнеш, може да послужи како поттик за полека и чекор по чекор да се извршат оние активности, чие извршување за депримираното лице е тешко
  1. Води дневник – водењето на дневник каде секоја вечер ќе ги запишеш своите размислувања за да си го разбистриш и опуштиш умот може да помогне во борбата со депресијата.

Од корист особено за трансформирање на негативната перцепција на реалноста во позитивна може да биде и водењето на тн дневник на благодарност, каде во подолг временски период на крај на денот потребно е да се напишат најмалку три работи од денот за кој сме благодарни.

Експертите велат дека со тек на времето, самиот ум ќе биде истрениран, во тек на денот да ги забележува и помни позитивните нешта.

  1. Слушај музика – слушањето на омилената музика, и потпевнувањето докажно го подига расположението и може да им помогне на оние кои се постојано депримирани и нерасположени.
  1. Прави нешто кративно – инволвирањето во креативни активности е многу позитивно особено во случајот на депресија затоа што може да помогне за изкажување на емоциите, или како оддишка за оттгнување на мислите од проблемите и грижите кои потиштуваат.
  1. Избегнувај да се изолираш – пожелно е да не се изолираш од луѓето и да наоѓаш начини да си повеќе меѓу нив, дури и ако единствено што ти паѓа на ум е да отидеш до продавница.
  2. Обиди се да си присатен во моментот – да научиш да си присатен во моментот, односно да практикуваш мајндфулнес е од помош и при депресијата, затоа што создава можност за да почнеш да ги цениш моментите што ти ги носи животот, луѓето околу тебе и опкружението.
  1. Почни да медитираш – за медитацијата е познато дека помага во менаџирање на стресот, но со научни студии е докажано и нејзиното поволно дејство при депресијата.