10 начини за самопомош при инконтиненција

Инконтиненцијата е многу непријатна појава, и иако навидум можеби звучи не премногу сериозно доколку не се стави под контрола таа сериозно може да го наруши квалитетот на живот.

Подолу се десетте најчесто советувани начини за самопомош за сите оние кои страдаат од инконтиненција:

1. Престанок на пушењето

Пушењето се смета за еден од ризик факторите за развој на инконтиненција, затоа што кашлањето кое го предизвикува и кое е често, создава притисок врз пелвичното дно.

2. Правење на соодветни вежби

Физичката активност е препорачлива речиси за сите, за подобрување како на физичкото така и на менталното здравје, но за луѓето кои страдаат од инконтиненција се препорачува избегнување на оние физички вежби кои може да го потенцираат неволното истекување на урина, како што се трчање, скокање, аеробик, правењето стомачни итн.

Подобра опција за луѓето со инконтиненција се вежбите за затегање на мускулите, како на пример пилатес.

  1. Да се избегува дигање на тежина

Дигањето на тежина создава поголем притисок врз мускулите од пелвичното дно, и затоа треба да се избегнува.

Но, доколку мора да се подигне нешто се препорачува свесно да ги затегнеме мускулите на пелвичното дно пред и за време на дигањето со цел да го спречиме истекувањето на урината.

  1. Одржување на нормална телесна тежина

Прекумерната телесна тежина става поголем притисок врз мускулите на пелвичното дно, а мрсното ткиво притиска и врз мочниот меур.  Токму затоа се советува да се намали прекумерната телесна тежина, што можеби не е лесно, но имајќи го во предвид сознанието дека токму тоа може да направи да се намалат симптомите или потполно да исчезнат, вреди да се проба.

  1. Констипацијата треба да се третира

Доколку се појави констипација, таа веднаш треба да се третира, бидејќи напињањето во тој случај ги ослабува мускулите на пелвичното дно и може да го влоши проблемот со инконтиненцијата.  Промената на животниот стил и исхрана, со вклучување на поголема физичка активност, и поголем внес на растителна храна, може ефикасно да го реши проблемот со констипација.

  1. Да се намали кофеинот

Кофеинот го иритира мочниот меур и може да го влоши проблемот со инконтиненција.  Се смета дека најнеповолно дејство има кафето, а негативен ефект може да даде и употребата на газирани пијалоци со кофеин, зелениот чај, енергетските напитоци и топлата чоколада, и се препорачува ваквите напитоци да се заменат со кафе без кофеин, со вода и растителни чаеви.

  1. Да се намали алкохолот

Алкохолот е диуретик, кој предизвикува почеста потреба за уринирање намалувањето на количината на алкохол која се конзумира во тек на денот може да помогне за полесно менаџирање на симптомите на инконтиненцијата.

  1. Да се пие доволно течност

Се препорачува дневно да се пијат од 6 до 8 чаши вода на ден, но не повеќе освен ако лекарот не советува поинаку.

Интуитивно повеќето луѓе со инконтиненција почнуваат да го избегнуваат пиењето на течности, но ограничувањето на внесената течност во тек на денот може да го намали капацитетот на мочниот меур и на тој начин да ја влоши инконтиненцијата.

Истовремено недоволниот внес на течности може да доведе и до појава на констипација.

  1. Да се јаде вистинската храна

Изборот на храна може да влијае врз инконтиненцијата, и токму затоа се препорачува избегнување на зачинета и кисела храна, вклучувајќи ги и цитрусните овошја со цел да се избегне влошувањето на инконтиненцијата.