Болестите на хипофизата кои влијаат врз сите системи на човечкиот организам вклучувајќи го и мозокот.
Заедно со хипоталамусот, таа претставува главен надзорен орган за излачување на хормони во телото.
Хипофизата е ендокрина жлезда, која е сместена под големиот мозок, и има димензии колку едно зрно грашок.
Морфолошки оваа жлезда е составена од два дела преден и заден дел. Предниот дел или аденохипофиза излачува хормони додека задниот дел или неурохипофиза ги складира и пренесува хормоните кои се создаваат во хипоталамусот.
Кога ќе се појави болест или пореметување во функцијата на хипофизата тоа влијае врз целиот организам, а особено врз функцијата на ендокрините жлезди во телото.
Нарушувањата во работата на хипофизата, всушност можат да се препознаат преку симптомите на нарушената функција на другите делови од телото.
Најчести симптоми кои укажуваат на хиперфункција на хипофизата може се:
- Хиперфункција на тироидната жлезда, која се одликува со:
- Губење на телесна тежина
- Тахикардија
- Нервоза
- Препотување
- Хиперфункција на надбубрежната жлезда, која се одликува со:
- Необјасниво дебелеење
- Насобирање на мрсно ткиво
- Остеопороза
- Висок притисок
- Други симптоми:
- пореметувања во менструалниот циклус
- Импотенција
- Млечен исцедок од гради
- Главоболки
- Хирзутизам кај жени
- Психолошки проблеми
- Намалено либидо
Симптоми кои укажуваат на хипофункција на хипофизата може да се:
- Зголемување на тироидната жлезда и недостаток на тироксин
- Поспаност
- Умор
- Недостаток на енергија
- Дебелеење
- Депресија
- Хронично низок притисок
- Аритмии
- Пореметување во менструалниот циклус
- Раст на дојки кај мажите итн.
Болестите на неурохипофизата предизвикуваат:
- Зголемен внес на течности и зголемено мокрење
- Главоболки
- Мускулна слабост и грчеви
При појавата на некои од овие или други симптоми кои алудираат на проблеми во функцијата на хипофизата потребно е да се закаже лекарски преглед и постави точна дијагноза.