7 знаци кои укажуваат на кандидијаза

Кандидата е квасец кој природно е присатен во усната празнина, во цревата и во вагината.  Но, некои фактори како несоодветната исхрана, стресот, употребата на антибиотици и бременоста можат да предизвикаат зголемен раст на оваа габичка со што нејзиното ниво во телото почнува да го надминува нормалното и може да предизвика здравствени проблеми.

Прекумерниот раст на кандида во различни делови од телото се нарекува кандидијаза.

Најчести симптоми на кандидијазата се следниве:

  1. Повторувачка вагинална инфекција

Најчесто се случува кога примарната причина за прекумерниот раст на кандидата не е откриен и отстранет.  Тоа на пример може да биде исхраната која е богата со рафинирани шеќери, јаглехидрати и млечни производи богати со лактоза.

Во случај на генитална кандидијаза, може да се појави чешање и бел или сив исцедок кој нема лош мирис, но по конзистенција отстапува од нормалниот и наликува на урда.

  1. Уринарни инфекции

Уринарните инфекции не се ретка појава кај луѓето, но честопати се јавуваат и во случај на кандидијаза.  Почести се кај постарите лица, и кај оние кај кои е ослабен имуниот систем.

  1. Гастроинтестинални проблеми

Кога кандидата ќе се намножи во цревата таа почнува да предизвикува проблеми, кои најчесто се манифестираат како подуеност, гас, дијареа или констипација, а може да допринесе и за зголемување на бројот на другите патогени бактерии.

  1. Изнемоштеност

Еден од најчестите симптоми на прекумерен раст на кандида е чувството на премор и исцрпеност, најверојатно затоа што таа може да предизвика и дефицит на нутритиенти и затоа што најчесто се случува во услови на ослабен имун систем.  Прекумерниот раст на кандида во цревата може да ја намали и апсорбцијата на нутритиентите од храната.

  1. Опаѓање на косата

Поради дисбалансот на витамините и минералите во телото кој кандидата може да го предизвика, може да дојде и до губење на квалитетот на косата и нејзино опаѓање.

  1. Проблеми со концентрацијата

Кандидата може да предизвика и состојба која наликува на имање магла во мозокот, кога концентрацијата, фокусот и меморијата се намалени.  Се смета дека до ова доаѓа поради појавата на воспаление кое го спречува нормалниот пренос на нервни импулси меѓу неуроните.

Воспалението е последица од токсините кои ги создава кандидата, а еден од нив е и ацеталдехидот.  Блокадата на неуроните од токсини, создава чувство на интоксицираност, пришто може да се јават дури и проблеми со рамнотежата.

  1. Силна потреба за благо или за алкохол

Затоа што кандидата се храни со шеќери, таа создава чувство на неодолива потреба за да јадеме нешто благо или да пиеме алкохол, и ваквото чувство воопшто не е последица на глад.

Други симптоми кои истотака можат да посочат на прекумерен раст на кандида во телото се: промените во расположението, хроничниот синузитис, интолеранцијата на одредени видови на храна, габични инфекции на ноктите од палците на нозете итн.

Прв чекор кој секој може да го превземе во борбата против кандидијазата е да го смени својот начин на исхрана, и преку избегнување на рафинираните шеќери и сите други извори на шеќер да и го намали растот на кандидата, лишувајќи ја од нејзиониот главен извор на храна.