7 знаци кои укажуваат на шеќерна болест

Секоја болест се препознава според нејзините симптоми кои укажуваат дека нешто не е во ред.  Ова се седумте знаци кои никој не би смеел да ги игнорира, и доколку ги има овие симптоми би требал да побара лекарска помош, затоа што овие знаци јасно укажуваат на шеќерна болест

1.Често мокрење – честото мокрење е еден од главните симпоми на дијабетесот.  Кога нивото на глукоза во крвта е високо, телото се обидува да го намали преку стимулирање на работата на бубрезите кои би требало да помогнат во исфрлање на шеќерот од телото.  Луѓето со шеќерна болест стануваат и ноќе за да уринираат, и дополнително се поподложни на појава на уринарни инфекции.

2.Постојано чувство на жед – поради почестото мокрење, можно е телото да дехидрира, а тоа од друга страна се манифестира како зголемено чувство на жед, пратено со појава на сува уста.

3.Постојано чувство на глад – луѓето со дијабетес се речиси постојано гладни, затоа што нивното тело не успева правилно да ја искористи енергијата од храната што ја јадат.  Клетките практично гладуваат и му сигнализираат на панкреасот дека им е потребно повеќе енергија.  Тогаш панкреасл лачи повеќе инсулин и се зголемува чувството на глад.

4.Нагло губење на телесната тежина – особено кај лицата со неконтролиран дијабетес освен зголемен губиток на течности и недостаток на клеточна енергија, често доаѓа и до нагло губење на телесната тежина.

5.Многу сува кожа – многу сувата кожа која создава чувство на чешање истотака може да укажува на дијабетес. Се појавува поради слбата циркулација во комбинација со покаченото ниво на шеќер во крвта. Ваквата кожа е поподложна и на инфекции.

6.Замаглен вид – покачениот шеќер во крвта има моќ да ги оштети и ситните крвни садови во очите, и да предизвика замаглен вид. Добрата вест е што доколку навреме се превземат мерки и шеќерот во крвта се стабилизира видот може да се подобри, но доколку болеста не се стави под контрола можно е да дојде и до слепило.

7.Габични инфекции – и во човечкото тело нормално е да живеат и габички, но кога во крвта има повеќе шеќер отколку што е нормално, тоа дополнително ги храни габичките и тие почнуваат да предизвикуваат инфекции.  Најчестата инфекција е од габичката кандида и тоа во пределот на гениталиите, пазувите и устата.