ВЛИЈАНИЕ НА СТРЕСОТ НА ЗДРАВЈЕТО
За поврзаноста на стресот и болестите се зборувало уште во 19. век, од кога таа поврзаност и почнала да се истражува. Денес и сами често препознаваме дека стресот е една од причините за болести, а она кое научно е докажано е дека стресниот начин на живот може да има значајно негативно влијание на должината на животот, кардиоваскуларните болести, имунолошките нарушувања и патофизолошки последици на нормалнот стареење.
Стресот ги опишува ефектите од психосоцијалните и надворешни фактори на физичкото или психичкото здравје. Хипотези од различни истражувања потврдиле дека е поголема можносѕа за појава на здравствени проблеми кога стресорите од социјална природа предизвикуваат психолошки или промени во однесувањето кои се нарекуваат промени во психолошките функции.
Кога стресорите влијаат на организмот, се активира група на психолошки реакции со цел да се елиминира заканата и прилагодување на психолошкиот систем на организмот на новата ситуација. Таквата реакција се нарекува реакција на стрес.
Социјалните стресори и начинот на живот може да бидат важни тригери за болести кои може да влијаат на должината на животот. Психосоцијалниот стрес е личен одговор примен низ сложена социјална интеракција. Таквите интеракции може да бидат или негативни и да го зголемат, или позитивни и да го намалат психолошкиот стрес. Тие може да влијаат на хормоните, што понатаму влијае на имуниот систем. Стресот може значајно да ја намали физичката и психичка толеранција (имунолошки потенцијал) и да предизвика напредување на постоечки болести или да поттикне латентни (скриени) пореметувања. Контролата и супресијата на стресот е многу важна во подобрување на квалитетот на живот и превенција од болести.
Пример на лошо влијание може да се види кај лица кои се осамени или сами. Самотијата се поврзува со закана, а како последица може да се појави покачен крвен притисок и кардиолошки проблеми. Пример за влијанието на емоционален стрес може да се види во училиштата, каде истражувањата покажале дека во текот на испитните рокови кај адолесцентите, расте бројот на заболени од вироза. Исто така, стресот поради недоволна контрола на работа или во приватниот живот може да доведе до кардиоваскуларни болести. И брачниот живот може да биде стресен, а еден од партнерите, најчесто жената, заболува.
Позитивни резултати дале групите на поддршка, по кои, нивото на стрес кај партнерот значајно се намалило. За да се подобри квалитетот и должината на живот, потребно е да се насочи кон медицина на телото и умот: опуштање, медитација, лесна и здрава храна, позитивно размислување, поддршка. Таквиот пристап овозможува позитивно окружување кое позитивно влијае на квалитетот на живот.
