Четири главни бенефити од употребата на Коензимот Q10

Коензимот Q10 е еден од најпопуларните суплементи на денешницава.  Природно се создава во клетките на човечкото тело, но како што старееме неговата количина се намалува.

Одговорен е за создавање на енергија во митохондриите, за неутрализирање на слободните радикали и за заштита на клетките од оксидативно оштетување.

Заедно со витаминот Д и К2, се покажал одличен во зачувувањето на кардиоваскуларното здравје, а особено за одржување на здраво срце.

Ова се четирите главни придобивки на коензимот Q10:

  1. Го спречува и намалува ризикот од срцево заболување

Има многу студии кои го докажуаат бенефитот од употребата на CoQ10 за здравјето на срцето.  Така на пример во една студија во која учествувале 641 пациент со срцево заболување, на оние на кои им бил даден овој суплемент во период од една година се чувствувале многу подобро, имале подобро општо здравје и помалку хоспитализации.  Заштитата на срцето можеби е и најважната употреба на оваа состојка заедно со витамините К2 и Д.

  1. Го намалува воспалението во телото

Поради силниот антиоксидансен ефект, овој коензим заштитувајќи ги клетките од оксидативно оштетување го намалува и воспалението во човечкото тело.

И затоа што многу заболувања се последица на воспалителните процеси ова негово заштитно дејство е многу важно.

  1. Помага при гингивитис

Интересно е што CoQ10 делува поволно и при болести на непцата.  И може и топикално да се користи во третманот на перидонтални болести, што е многу важно затоа што доброто орално здравје е предуслов за добро здравје на целото тело.

  1. Помага против намалување на когнитивните способности, и ја подобрува меморијата.

Ниското ниво на оваа важна супстанција е поврзана со многу здравствени состојби,  како што се на пример Алцхајмеровата и Паркинсонова болест.  Истражувањата имаат докажано дека CoQ10 делува неуропротективно, помагајќи има на митохондриите во процесот на создавање на АТП.