Дали гојазните лица може да се неухранети?

Неухранетост е состојба при која постои недоволен внес на хранливи состојки која предизвикува дисбаланс во телото, и може да доведе и до посериозно нарушување на здравјето.

Постојат повеќе причини за појава на неухранетост, но најчестата причина е нередовната или неправилна исхрана.

Како фактори кои можат да доведат до неухранетост се посочуваат и проблемите со варењето и апсорбцијата на храната, но и присаството на некои заболувања.

Кога некој е премногу слаб логично е да се помисли дека тој човек можеби  е неухранет, но интересно е што колку и да звучи парадоксално, неухранети може да се и гојазните лица.

Тоа е така, затоа што кога станува збор за исхраната не е важно само колку јадеме туку и што точно јадеме, односно дали успеваме во доволна количина да ги внесеме сите потребни микро и макронутриенти, наспроти непотребните калории.

Во макронутриенти спаѓаат јаглените хидрати, протеините и мастите, и тие во исхраната се оние кои и ја даваат калориската вредност на храната.

Во микронутриенти спаѓаат витамините и минералите кои се неопходни за нормално функционирање, раст и развој на секој организам.  Но,тие за разлика од макронутриентите се присатни во многу помали количини, понекогаш можат да бидат присатни дури и само во трагови, но тоа не значи дека се помалку важни.

Доколку лицето претежно внесува макронутритиенти, особено ако тоа се јаглехдрати и масти многу лесно може да постигне прекумерна телесна тежина, но ако таа негова исхрана на пример е сиромашна во поглед на микронутритиенти, тогаш голема е можноста и некој што не е навидум слаб да биде всушност неухранет.

Фитонутритиентите, кои влегуваат во состав на растителната храна истотака треба да бидат застапени во сечија исхрана, и нивното присаство дури и во минимални количини може да обезбеди подобро здравје и повисоко ниво на физичка и ментална енергија.

Понекогаш причина за појава на неухранетост може да биде и строгото пратење на некоја тренди диета, во која не постои избалансиран сооднос на микро и макронутритиентите кои му се потребни на човечкиот организам.

Еден од најлесните начини за да осигураме доволен внес на макро и микронутриенти, е својата здрава и разновидна исхрана да ја збогатиме со некоја суперхрана која е богата со сите потребни нутритиенти, како што на пример е спирулината.

Спирулината е моќен концентрат на многу хранливи состојки, растителни протеини, амино киселини, есенцијални масни киселини, ензими, витамини, минерали (особено железо и Б12), каротеноиди, и поради својот хранлив состав оваа суперхрана е повеќе од добредојден додаток во сечија исхрана.

San Sebastian Spirulina е квалитетен додаток во исхраната која секој би можел да ја набави мнгу лесно онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/p-san-sebastian

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )

По направената нарачка, San Sebastian Spirulina се доставува во рекордо кратко време на посакуваната адреса со брза пошта!

San Sebastian Spirulina можеш да се набави во аптекитe на:  Еурофарм, Виола, Бети во други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на DM и Cosmo – Тинекс!