Дали холестеролот може да ги оштети нозете?

Кога во телото ќе се покачи нивото на лошиот ЛДЛ холестерол, тој почнува да создава проблеми воглавно така што се таложи на внатрешниот ѕид на крвните садови и на тој начин го отежнува нормалниот проток на крвта.

Најзасегнати органи од штетното дејство на високиот холестерол се срцето и мозокот, но кога подолго време ќе се одржува над нормалното ниво холестеролот може да предизвика оштетувања и во други делови од телото, вклучувајќи ги и нозете.

Кога високиот холестерол ќе доведе до затнување до артерија во периферијата на телото, доаѓа до појава на периферна артериска болест.

Доколку затнувањето настане во некоја од артериите кои со крв ги снабдуваат нозете, тогаш може да дојде до сериозни проблеми во овие екстремитети.

Еден од главните симптоми на периферна артериска болест всушност е болката во нозете.

Таа најчесто се јавува при извршување на некоја физичка активност во која се вклучени и нозете.

Освен болка, лицата со висок холестерол може да чувствуваат и тежина, умор или жарење во нозете.

Друг симптом е нарушувањето во периферната циркулација кое резултира со студени стапала.  Студените стапала кога се резултат на периферната артериска болест можат дури и да го отежнат чекорењето.

Освен студенило во стопалата можат да почнат да се појавуваат и грчеви, и тоа особено во ноќниот период.  Истотака може да се случи и промена во бојата на кожата ии стапалата да бидат бледи дури и при подолго седење или стоење.

Еден од не многу дискутираните симптоми кои истотака можат д аукажат на проблеми со холестеролот е појавата на рани.  Вакви слични рани се јавуваат и на стопалата на дијабетичарите, но кај нив често се безболни поради нарушувањата и на ниво на нервите, додека кај раните резултат на периферна артериска болест тоа не е случај.

Периферната артериска болест може да предизвика и чувство на отапеност или отрнатост, а ако прогресира може да доведе и до намалување во димензијат ана мускулот на потколеницата, па дури и одумирање на делови од ткивото.

Ваквите случаи се многу ретки, наспроти појавата на висок холестерол меѓу населението која најчесто воопшто и не дава никакви видливи симптоми пред да биде предоцна.

Токму затоа редовните контроли на кои се проверува нивото на холестерол во крвта се многу важни и овозможуваат откривање на хиперхолестролемијата со или без присуство на симптоми.

Доколку се открие покачен холестерол промената во исхраната, напуштање на штетните навики и зголемувањето на физичката активност се прв чекор во неговиот третман, како и употребата на специјални додатоци во исхраната пред да се препишат конвенционални лекови.

Dr.Viton HOLESTERID е квалитетен додаток во исхраната кое е наменет за одржување на нормално ниво на масти во крвта.  Во својот состав Dr.Viton HOLESTERID содржи состојки кои допринесуваат за одржување на нормално ниво на масти во крвта:

  • Моноколин К од црвениот квасец од ориз придонесува за одржување на нормално ниво на холестерол во крвта.
  • Артичоката и листот од маслинка помагаат за одржување на нормално ниво на холестерол.
  • Грчкото семе помага за контрола на липидниот метаболизам (холестерол и триглицериди).

Dr.Viton HOLESTERID може да го нарачате уште сега на следниов линк

Holesterid – за одржување на нормално ниво на холестерол во крвта – Алфалаб (alfalab.mk)

Или на телефонскиот број: (02) 3218-821 (секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)

И во најбрз можен рок ќе биде доставен на посакуваната адреса со брза пошта!

Dr.Viton HOLESTERID може да се набави и од сите подобро снабдени аптеки.