Дали храната може да помогне при синдромот на хроничен замор

Храната многу влијае врз здравјето, а и врз тоа како се чувствуваме. Луѓето кои страдаат од синдромот на хроничен замор треба да посветат особено внимание врз тоа што јадат, затоа што внимателно одбраната храна има моќ да ја зголеми енергијата.

Диетата која се препорачува можеби нема да ја излечи состојбата, но ќе го олесни нејзиното менаџирање.

Во оваа диета се препорачува да се јаде нутритивно богата храна која дава енергија, а да се избегнува сето она што би ги влошило симптомите.

Некои истражувања покажале дека лицата кои патат од овој синдром имаат дефицит на некои минерали, витамини и есенцијални масни киселини.

Оние кои сметаат дека во сржта на оваа состојба лежи хроничното воспаление, ја препорачуваат антиинфламаторната храна.

Антиоксидансите поволно вијаат врз синдромот на хроничен замор, особено полифенолите кои се присатни во црното чоколадо и во какаото.  Поволно дејство истотака поради содржењето на полифеноли имаат и зелениот чај, бобинките,и легуминозните растенија.

Не секоја хрaна му одговара секому, и затоа потребно е секој да си направи сопствен режим на исхрана земајќи ги во предвид препораките за што треба да се јаде, и што да се избегнува.

Најдобар избор за луѓето со хроничен замор се

  • Бонинките и јаболките како главен извор на полифеноли.
  • Зелен лиснат и портокалов зеленчук (батат, морков,пиперки итн)
  • Риба и морски плодови – секоја риба е извор на протеин, но мрсната риба како лосос е важен извор на есенцијалните омега 3 масни киселини.
  • Јатки и семки – чиа семките, ленеото семе, оревите истотака се одличен растителен извор на омега 3.
  • Ферментирани млечни производи – кефирот и јогуртот се добар извор на корисни пробиотски бактерии, кои помагаат за одржување на здрав дигестивен систем и можат да помогнат во намалувањето на симптомите на хроничниот замор.
  • Здрави масти – маслиново масло, авокадо, јатките и семките содрѓат здрави масти кои поволно влијаат врз здравјето.
  • Чоколада – поради присаството на полифеноли се советува и умерена употреба на црна чоколада.

Храна која треба да се избегнува е процесираната и конзервирана храна, слатките, и производите од бело брашно, и кофеинот и алкохолот за кои се знае дека ја зголемуваат инфламацијата и го подигаат и нивото на хормонот на стрес, кортизол.