Дали имаш инсомнија, а не знаеш?

Несоницата или инсомнија е многу често нарушување, кое се манифестира како проблем со заспивањето, останувањето заспан или и двете.

Како резулатат на инсомнијата лицето недоволно време минува во сон, или има лош квалитет на спиење и не успева целосно да се одмори.

Постојат неколку вида на несоница, таа може да биде краткотрајна или акутна, или постојана односно хронична.

Акутната инсомнија е многу честа бидејќи може да се случи како резултат на преголем стрес на работа, притисок од семејството или трауматичен настан.  Овој тип на несоница може да трае од неколку дена до неколку недели.

Хроничната инсомнија може да трае со месеци или подолго. Понекогаш таа може да е резулат односно симптом на некој друг проблем, како некое заболување, употреба на некои лекови итн.

Но, причина за овој тип на постојана инсомнија може да биде и начинот на живот, на пример прекумерната употреба на никотин, кофеин и алкохол.

Понекогаш причината за нејзината појава може да биде и непозната, но најчесто сомнежот е насочен кон премногу стрес, емотивна вознемиреност, промена на работното место итн.

Интересно е што инсомнијата повеќе се случува кај жените отколку кај мажите.  Можно е да се случи на билокоја возраст, но почеста е кај повозрасните лица.

Ризик група за развој на несоница се луѓето кои:

  • Имаат многу стрес
  • Се во депресија
  • Оние кои доживеале емотивен шок (смрт, развод итн.)
  • Лицата со финансиски проблеми
  • Оние што работат во ноќните часови или на смени кои често се менуваат
  • Оние со неактивен начин на живот

Понекогаш забрзаното темпо на живот и нивото на премореност, прават лицето што пати од инсомнија да не му придаде голема важност на нарушениот ритам на спиење и да побара помош.

Ова се некои од најчестите симптоми кои ќе ти помогнат да увидиш дали се соочуваш со овој проблем:

  • Лежење во кревет долго време пред да се заспие
  • Заспивање само на кратко
  • Да се биде буден подолг дел од ноќта
  • Да се чувствуваш како воопшто да не си спиел
  • Да се будиш премногу ранo
  • Поспаност во тек на денот
  • Недостаток на енергија
  • Иритабилност
  • Променливо расположение, анксиозност, депресија
  • Проблеми со фокус, концентрација, меморија, учење

Доколку имаш ваков проблем потребно  еда побараш помош, затоа што инсомнијата може да предизвика и сериозни проблеми во секојдневниот живот и да те изложи на поголем ризик од повреда.