Кандидијазата во гениталниот регион е многу непријатна појава, но според стручните лица од Националниот здравствен сервис во САД таа не спаѓа во групата на сексуално преносливи болести и најчесто е безопасна појава.
Како главна причина за појава на кандидијаза се сметаат сите оние фактори кои можат да создадат поволни услови и да го поттикнат нејзиниот забрзан раст.
Некои од причините се следниве:
- Долготрајна употреба на антибиотици, која може да го дисбалансира цревниот микробиом во насока на поголем раст на патогени микроорганизми, затоа што ја уништува добрата бактериска флора.
- Стресот го ослабува имунолошкиот одговор со што создава поволни услови за размножување на патогените како што е кандида.
- Употреба на контрацептиви и хормонална заменска терапија
- Јадењето на храна богата со шеќери
- Пиењето на поголеми количини на алкохол
- Имањето на болест која го ослабува имунитетот, како ХИВ или дијабетес
- Употребата на високи дози на стероиди во медицински цели
- Бременост
Но, без оглед на тоа што кандидијазата не е сексуално пренослива болест или некое опасно заболување, доколку се појави потребно е да се превземат брзи мерки за нејзино елиминирање.
Во третманот на кандида се користат две основни мерки, а тоа се:
1.Соодветен диететски режим
2.Употреба на лекови и додатоци во исхраната
Исхраната има многу важно значење во третманот на кандидата. Храната во која се намалени или комплетно исклучени шеќерите и алкохолот, но и ферментираните продукти вклучувајќи го и синото сирење, квасецот, соја сосот, може да придонесе за спречување на прекумерниот раст на кандидата затоа што, на тој начин ќе биде намален изворот на храна.
Од суплементи, постојат повеќе додатоци кои имаат природно потекло , но многу моќно дејство. Такви се лукот, ориганото, каприлната киселина, екстрактот од семка на грејпфрут, береберин, и пробиотиците.
Од лекови, се користат различни антифунгални лекови, како нистатин, флуконазол и други, а нивниот избор и начин на употреба воглавно зависи од интензитетот на кандидијазата и местото каде се појавила.