Дали промената во животниот стил може да го намали кортизолот

Кортизолот е  главниот хормон на стресот, кој го создаваат адреналните жлезди, и  неговото ниво се покачува секогаш кога во телото ќе се поттикне физиолошки одговор кон стресот.

Кортизолот има важна улога во човековото тело, и кога е во границите на нормалата  е корисен, затоа што има противвоспалително дејство, но доколку го има во количина која е повисока од нормалната тогаш почнува да биде ризик за здравјето.

Токму затоа за зачувување на физичкото и ментално здравје се препорачува нивото на кортизол колку што е возможно да се одржува во рамките на дозволените граници.

Искуството покажало дека врз нивото на кортизолот позитивно може да се делува и соо промена на некои животни навики, како што на пример се:

  1. Поздрава исхрана

Доколку се направат позитивни промени во начинот на исхраната се очекува и пониско ниво на кортизол во телото.  Така на пример доколку не се конзумира шеќер, зашеќерени пијалоци и процесирана храна, докажано е дека нивото на кортизол во телото е помал.   За пониско ниво на кортизол и повисоко ниво на енергија се препорачува храната да е сочинета од сложени јаглехидрати, протеини и здрави масти.

  1. Избегнување на алкохол

Многу лица кога се под стрес за да се опуштат посегнуваат по алкохолот.  Но,  отстранувањето на напнатоста е само привремено, за потоа да настане поголема штета.  Слично се случува и со прекумерното конзумирање на кафе.  Алкохолот и кафето го дехидрираат телото, а самата дехидратација потоа човековото тело ја доживува како стрес и продолжува да лачи кортизол.

  1. Избегнувај зависности

Активностите кои создаваат зависност затоа што нудат бегство од реалноста и лажно опуштање, не се добри за човековото здравје и не се начин за намалување на штетното дејство на кортизолот.  Пушењето и употребата на нелегални дроги долгорочно може да направи сериозни проблеми како за физичкото така и за психичкото здравје.

  1. Редовен и квалитетен сон

Кортизолот се покачува и спушта во зависност и од нашиот циркадијален ритам.  Во нормални услови наутро е повисок, а навечер понизок.  Затоа е потребно да си обезбедиме доволно долг и квалитетен сон, и непречена и редовна спиечка рутина која ќе ни дозволи во спиечка состојба да минеме од седум до осум часа.

  1. Редовна физичка активност

Умерената и редовна физичка активност, го намалува стресот и излачувањето на кортизол.  Вежбите со умерен интензитет, како пешачењето, јогата итн опушта и го намалува нивото на стрес хормоните во телото.  Од друга страна прекумерната или претешка физичка активност создава стрес врз телото и поттикнува поголемо излачување на кортизол.

Минувањето на повеќе време во природа, во дружење и смеа, истотака го намалува кортизолот и помага за подобро справување со стресот.