Дали спасот од Алцхајмеровата болест се крие во кујната?

Во времето во кое живееме, Алцхајмеровата болест за жал станува се почеста појава.  Започнува речиси неприметно, навидум со наивно заборавање на нештата, а потоа со тек на годините состојбата продолжува да се влошува, за на крај да доведе дури и до непрепознавање на блиските личности и неможност за водење на самостоен живот.

Иако точната причина за појавата на оваа болест е непозната, постојат многу фактори кои можат да допринесат за нејзиниот развој.

Oксидативниот стрес, хроничното воспаление и неуротоксичноста се смета дека се едни од причинителите на оваа болест, и токму затоа научниците се повеќе ги насочуваат своите истражувања кон изнаоѓање на конвенционални и алтернативни методи за справување со овие фактори, со цел превенција и третман на Алцхајмеровата болест.

Иако модерната медицина сеуште тврди дека за оваа болест нема лек, новите откритија кои лекот го бараат во природата го тврдат спротивното и влеваат надеж.

Така на пример постојат голем број на студии кои посочуваат дека помош за зачувување на својата меморија и когнитивна функција треба можеби да бараме токму во сопствената кујна!

Куркума или турмерик е зачин кој традиционално уште од дамнешно време се употребува во индијската кујна, а од пред неколку години се повеќе се употребува и кај нас.

Познат и под името златен зачин, турмерикот не само што на јадењата им дава прекрасна жолта боја и вкус, туку истовремено нуди и голем број на здравствени придобивки.

Позитивното медицинско дејство на куркумата се должи на активната супстанца  пигментот куркумин, кој истовремено и ја дава и нејзината жолта боја.

Куркуминот има силно противвоспалително дејство, а истовремено е и моќен антиоксиданс, кои успешно ги неутрализира слободните радикали и ги заштитува клетките од оксидативен стрес и оштетување, вклучувајќи ги и клетките во мозокот.

Не многу супстанции имаат можност да влијаат позитивно врз мозочното ткиво, затоа што не можат да ја минат крвно-мозочната бариера, но со студии е докажано дека куркуминот ја минува оваа мембрана и успева да го заштити мозокот од штетно дејство на токсичните метали.

Употребата на куркумин кај пациентите со деменција дала позитини резултати, а кај животински модели било докажано дека куркуминот освен што ја намалува неуроинфламацијата, има способност да ја намали и амлоидната агрегација, и да ги разори настанатите плаки.

Во истражување кое било направено на Универзитетот во Калифорнија, било забележано дека куркуминот им помага на макрофагите во чистењето на амлоидните плаки од мозокот.

Поради своето лековито дејство кое куркуминот го пројавува не само врз мозокот туку општо врз целиот човечки организам, тој често се користи во алтернативната медицина, и тоа најчесто во комбинација со бибер, за да се поттикне неговата апсорбција и ефикасност.

San Sebastian Turmeric – Curcumin е додаток во исхраната кој содржи концентриран екстракт на куркумин, во комбинација со Биоперин (патентиран екстракт од бибер), кој има моќ многукратно да ја зголеми биоискористливоста на куркуминот во организмот и да овозможи негов максимален ефект!

San Sebastian Turmeric – Curcumin може да се нарача на телефонскиот број 02 3218 821 или на следниов линк: Куркума (Turmeric) лек за 1000 болести – Алфалаб (alfalab.mk)

Нарачки може да се прават секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, а доставата ќе биде извршена  на посакуваната адреса со брза пошта.

San Sebastian Turmeric – Curcumin можете да се најде и во сите подобро снабдени аптеки, вклучувајќи ги и Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и Зегин, како и во ДМ-дрогериите и продажните места на Cosmo – Тинекс!