Дали твојата алергија значи дека треба да се откажеш од твоето крзнено пријателче?

Една од најчестите алергии е алергијата на првут од миленичиња, најчесто кучиња и мачки.

Протеините кои се наоѓаат во овој првут, како и во плунката и урината можат да предизвкаат алергија, па дури и да  ги влошат симптомите на астмата кај некои луѓе.

Освен тоа, крзното на животните може на себе да прибере и полен, мувла, и спори од други алергени од надворешната средина.

Реално гледано алергенот вообичаено е некоја безопасна супстанција , но истата таа супстанција кај луѓето со алергии може да предизвика пресилна реакција на имуниот систем, и де се појават непријатни симптоми кои најчесто личат на ринитис.

Течење на носот, кивање и солзни очи кои чешаат се најчестите тегоби кои им пречат на луѓето со алергија во извршувањето на нивните дневни обврски.

Некои одгледувачи тврдат дека постојат хипоалергени раси на мачиња и кучиња, но експертите кои работат во полето на алергии велат дека тоа не е вистина, бидејќи врз првутот во кој е протеинот кој предизвикува алергии не влијае должината на крзното ниту пак интензитетот на митарењето.

Но, за среќа не секогаш е потребно човекот да се откаже од миленичето за да ја спречи секојдневната појава на алергиски симптоми.

Токму тука од голема помош е стручоста на докторите алерголози, кои имаат искуство за како точно да ја постават дијагнозата и да развијат план за терапија кој ќе ви дозволи да го зачувате вашето крзнено милениче.

Најефикасен начин за контролирање на алергискиот ринитис секогаш е да се одбегнува контактот со алергените, но ког а тоа од билокоја причина е невозможно тогаш како терапија се даваат антихистаминици.

Антихистаминиците се ефикасни за менаџирање на симптомите, но не е пожелно долготрајно да се употребуваат.

За подолготрајна употреба се препорачуваат инјекции за имунотерапија.

Други начини кои често се препорачуваат за да се намалат симптомите на алергијата спрема миленичињата се следниве:

  • Да се избегнува физички контакт (бакнување, гушкање итн)
  • Миленичето да не се чува во спалната соба
  • Да не се дозволува миленичето да седи на тапацираниот мебел
  • Чешлањето на миленичето да го прави некој кој не е алергичен и тоа секогаш надвор од домот
  • За правосмукалката да се користат дупли или вреќи со микрофилтри за да се спречи усисаниот првут повторно макар и во мал дел да се врати во воздухот.
  • Да се користи правосмукалака со ХЕПА филтер
  • Да се отстранат теписите или теписоните од домот
  • Да се чува животното надвор од домот доколку е возможно

Но, доколку ништо од ова не успее да ги отстрани или ублажи симптомите, тогаш последно нешто е да се најде нов дом и сопственик за миленичето, и во тој случај можно е да треба да минат и до 6 месеци за алергиските симптоми потполно да исчезнат