Детоксификацијата е неопходна за подобро здравје

Практикувана уште многу одамна, детоксификацијата е процес кој му помага на телото да се одмори, очисти, обнови и нахрани.

Постојат различни методи на детоксификација, но заедничко за сите нив е што примарната цел е да се исцисти телото од насобраните токсини, а потоа да се нахранат клетките со здрави хранливи состојки.

Основно нешто што се случува преку процесот на детокификација е прочистувањето на крвта и елиминирање на отровите преку црниот дроб, бубрезите, цревата, плуќата и кожата.

Но, за детоксификацијата да биде успешна потребно е сите органи кои учествуваат во неа добро да ја вршат својата функција.  Доколку постои некаков проблем во телесните детокс механизми сето тоа негативно ќе се одрази врз виталноста и врз здравјето на човечкиот организам.

Главни чекори на детосификацијата се следниве:

  1. Одмарање на органите преку пост
  2. Стимулирање на црниот дроб за поефикасно да ги отстрани токсините
  3. Стимулирање на елиминацијата преку бубрезите, цревата и кожата
  4. Подобрување на циркулацијата на крвта
  5. Потхранување на телото со здрави нутритиенти

Поради загадената животна средина, и нездравите животни навики на здравите возрасни лица им с епрепорачува барем еднаш годишно да направат детоксификација на своето тело.  Потребата за детоксифицирање е поголема кај оние лица кои веќе имаат развиено здравствени тегоби како што се алергии, проблеми со кожата, забавена елиминација на столицата, потечени очи или вреќички под подочниците, необјаснив постојан премор, ментална конфузија итн.

Првиот чекор при започнување на било која детоксификациска програма е намалување на токсинскиот товар, односно намалување на изложеноста и внесот на нови токсини во телото.

Затоа потребно е да се престане со употреба на алкохолот, цигарите, кафето и шеќерот, заситените масти, процесираната и нездрава храна, затоа што сите тие штетни состојки би можеле да бидат само поголема препрека во процесот на детоксифицирање и ревитализирање на телото.

Истотака потребно е да сведе на минимум и употребата на хемиски средства за чистење на домот, како и средствата за одржување на лична хигиена, и тие да се заменат со поприродни производи.

Нивото на стрес во процесот на детоксификација потребно е да се одржува на минимум затоа што, при зголемен стрес се лачи поголемо количество на адреналин, кое може да предизвика создавање на повеќе токсини и да ја забави активноста на детоксифирачките ензими во црниот дроб.

За здраво менаџирање на стресот најчесто се препорачува практикувањето на јога, чигонг и медитации.

Постојат различни програми за детксификација и секој би требало да си го озбире оној метод кој ќе му биде најповолен за да го спроведе како што е потребно.  Постојат постови при кои одреден број на денови се конзумираат само одредени зеленчукови и овошни сокови, во други се конзумира внимателно избрана храна во блендирана форма, се употребуваат различни чаеви и додатоци во исхраната, се препорачува и физичка активност, специјални масажи, сауна, постојат и постови каде воопшто не се јаде туку се живее само на вода итн.

За лицата кои имаат хронични заболувања, како и децата, трудниците и доилките се советува да не прават детокс на своја рака пред да се консултираат со лекар или стручно лице дали спроведувањето на таков програм е безбедно за нив.