Хипертироидизам – честа состојба за која ретко се зборува

Хипертироидизам е состојба при која тироидната жлезда излачува премногу тироксин, како резулат на што се забрзува метаболизмот, доаѓа до забрзана срцева работа и во најголем број на случаи до нагло намалување на телесната тежина.

Болеста се дијагностицира со одредување на нивото на неколку хормони во крвта ( ФТ4, ФТ3, ТСХ) и со проверка на антитела кои евентуално би укажале на автоимуна природа на болеста.

Симптомите на хипертироидизмот честопати се преклопуваат со симптомите на некои други болести и речиси е невозможно да се постави точна дијагноза без претходна проверка на крвта.

Некои од најчестите симптоми се следниве:

  • Ненамерно намалување на телесната тежина ( кај помал процент тежината може да се зголеми поради зголемениот апетит и прекумерниот внес на храна)
  • Тахикардија (често над 100 отчукувања во минута)
  • Аритмија
  • Срцеви палпитации
  • Нервоза и иритабилност
  • Анксиозност
  • Тресење на дланките
  • Препотување
  • Промени во менструалниот циклус
  • Зголемена чувствителност кон топлина
  • Почесто празнење на црева
  • Гуша
  • Мусклна слабост и умор
  • Потешкотии со спиењето
  • Лесно кршење на нокти
  • Послаба коса

Понекогаш болеста ги зафаќа и очите, и се развива офтамолопатија која е почеста кај пушачите.

Симптомите на базедовата офтамолопатија се следните:

  • Суви очи
  • Црвени или отечени очи
  • Прекумерно солзење или нелагодност во едното или во двете очи
  • Пречувствителност кон светлина, матно или дупло гледање, воспаление, ограничено движење на очите
  • Испапчени (ококорени) очи

Појавата на хипертироидизам најчесто е во врска со следниве причини:

Базедова болест – е автоимуна болест, прикоја имунот сиситем создава антитела кои ги стимулираат ТСХ рецепторите во тироидната жлезда како резултат на што таа непотребно почнува да создава и лачи поголема количина на тироксин.

Во нормални случаи кога нивото на тироксинот ќе порасне, почнува да се изачува доволна количина на ТСХ која ќе го сопре понатамошното создавање на тироксин, и ќе се задржи балансот во телото.  Но во случај на Базедова болест ТСХ е премногу низок поради присаството на аутоантитела кои се врзуваат за неговите рецептори, и тој не може да делува инхибиторно врз создавањето на тирксин.  Целиот баланс е нарушен и постои континуирана стимулација за создавање на уте поголеми количестав на тироиден хормон.

Хиперфункционални тироидни јазли ( аденома, токсична мултинодуларна гуша, Пламерова болест) – овој случај на хипертироидизам се создава кога еден или повеќе аденоми во жлездата се одговорни за зголеменото создавање на тироксинот.

Тиреоидитис – е воспаление на тироидната жлезда кое може да настане често по бременоста, може да е и од автоимуна природа, а може и да не се знае причината за неговото појавување.  В овој случај воспалениетоо предизвикува поголема количина на тироксин кој е складиран во жлездата да доспее во крвотокот и да предизвика хипертироидизам.

Навремената дијагноза и третман на хипертироидизмот се важни за да се избегне прогресирање на болеста како и на можните компликации.