Како цинаринот го намалува холестеролот

Артичока (Cynara scolymus) е вкусен зеленчук, кој содржи цела лепеза на биоактивни состојки од кои многу важно место завзема цинаринот.

Лековитото дејство на артичоката и поволното влијание врз севкупната состојба на оргнизмот било забележено уште многу одамна.  Таа уште од дамнешно време се употребувала за подобрување на варењето на храната, за зголемување на лачењето на жолчката и за обновување на црниот дроб.

Примена нашла и за намалување на шеќерот во крвта, на мастите, но и за поттикнување на диурезата и за подобрување на цревната флора, како и за одржување на оптимална телесна тежина.

Кога станува збор за лековитоста на ова растение, најголем фокус се става на нејзините листови.  Листовите на артичоката се богати со витамини, минерали, полифеноли, а можеби најзначајно е што токму тие содржат цинарин.

Цинаринот е соединение за кое било откриено дека има повеќе дејства, но едно од најупотребуваните со цел да се подобри човековото здравје е неговата способност да го зголеми создавањето и лачењето на жолчката.

Со зголемувањето на продукцијата на жолчката, цинаринот всушност го пројавува своето хипохолестеролемично дејство (холестеролот се елиминира од телото со претворба во жолчни киселини) и ја прави артичоката да биде едно од најупотребуваните растенија за регулирање на покаченото ниво на холестерол.

Освен цинарин, артичоката содржи и уште едно соединение со хипохолестеролемично дејство, а тоа е лутеолинот, кои делува така што го намалува создавањето на холестерол во телото.

Nature Essential Артичока е квалитетен додаток во исхраната кој содржи екстракт од листовите на артичоката, и истиот може да се набави од  аптекитe на:  Еурофарм, Виола, Бети, Плус фарма и други подобро снабдени аптеки, како и од дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!

Nature Essential Артичока може брзо и лесно да се нарача и онлајн на: Артичока – Алфалаб (alfalab.mk)

Или на телефонскиот број: 02 3218 821 ,секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и ќе биде доставен на посакуваната адреса со брза пошта.