Болката во долниот дел од грбот е доста честа, особено кај лицата во средна возраст.
Може да настане од различни причини, но понекогаш е доволно и само неубаво да се поместиме и таа одненадеж да се појави.
Препораките на експертите се доколку причината за појавата на болката е завземање на неубава позиција, истегнување, дигање тешко и нешто слично, тогаш треба да бидеме трпеливи и да почекаме неколку дена со надеж дека сама ќе помине.
Но, доколку нема подобрување после три до четири дена, се советува да се посети доктор.
Од друга страна, за среќа постојат испробани начини за да си помогнеме:
Топли или ладни облоги – доколку станува збор за повреда на грбот, непосредно по повредата подобро е да се стави мраз или нешто ладно,отколку топла облога, затоа што ќе го втрне местото, ќе ја намали болката и ќе спречи појава на оток.
Топлите облоги е препорачливо да се ставаат кога ќе поминат 48 часа од појавата на болката.
Топлината ја ублажува болката, ги релаксира мускулите и го подобрува протокот на крв, што го помага заздравувачкиот процес.
Но, треба да се има во предвид дека топлината може да помогне само во првата недела од повредата.
Ограничување на лежењето – иако порано при болка во грбот прво што се препорачувало било да се практикува одмарање во кревет, денес новите препораки се сосем спротивни. Докторите препорачуваат движење, за да не се здрват мускулите, а доколку болката е многу силна и повредениот едвај стои, сеуште се препорачува да се одмара , но сепак не повеќе од еден до два дена, и во кревет да минува само по неколку часа наеднаш. Постојаното лежење во кревет при повреди и болка во грбот, треба да се избегнува.
Редовна физичка активност – вежбањето се покажало многу поволно во лекувањето на болките во грбот, но и во превенирање на ваквите повреди. Но, пожелна е консултација со стручно лице кое би изготвило безбеден и ефикасен програм за вежбање.
Најчесто ваквите пограми вклучуваат аеробна активност и истегнување во комбинација со вежби за засилување на мускулите.
Комплементарна терапија – во ваков тип на терапија спаѓаат повеќе методи кои се покажале корисни во намалување на болката во грбот како што се акупунктурата, хиропрактика, терпевтска масажа, јога, таи чи и други практики кои помагаат за истегнување и засилување на грбните мускули.